Турската амбасада во Дамаск повторно отворена по 12 години

December 14, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турското знаме денес е подигнато во амбасадата на Туркије во Дамаск, а активностите на амбасадата продолжија по 12 години, известува Анадолу.

Опозицијата, која од 27 ноември во Сирија се судри со режимските сили на Башар ал Асад во западниот дел на Алепо, на 8 декември ја презеде контролата врз главниот град Дамаск, соборувајќи го 61-годишниот режим на партијата Баас.

Турското знаме денеска е подигнато во амбасадата на Туркије во Дамаск.

Активностите на турската амбасада беа прекинати во 2012 година, но денеска повторно официјално се обновени.

Турскиот амбасадор во Нуакшот, Мавританија, Бурхан Ќороглу на 12-ти декември е назначен за привремен вршител на должност во амбасадата на Туркије во Дамаск.

Турската амбасада се наоѓа во близина на Равда Мејда, каде се концентрирани дипломатските претставништва во Дамаск.

Амбасадата на Туркије работеше извесно време во периодот кога тогашниот режим прибегнуваше кон насилство врз мирните демонстранти, но ги прекина секојдневните активности на 26 март 2012 година.

Хакан Фидан, турскиот министер за надворешни работи, во петокот најави дека турската амбасада во Дамаск од 14 декември повторно ќе биде во функција.

Башар ал Асад, лидерот на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск, ставајќи крај на режимот на партијата Баас, која беше на власт во Сирија од 1963 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Преку 1000 производи ќе се најдат во новогодишната кошничка, инспекција ќе врши мониторинг

Следно

Турскиот претседател Ердоган: По 13 години, нашите браќа од Сирија со надеж чекорат во иднината

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop