„Турнирот е наместен! И честитам на Аргентина на титулата на ова СП!“(ФОТО)

July 7, 2026
1 min read
ФОТО:x.com/Footballtweet

Сите во таборот на селекцијата на Египет по поразот од Аргентина беа гневни, особено Мустафа Зико кој не го криеше своето негодување по елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство. Поголемиот дел од критиките ги насочи кон главниот судија Франсоа Летексие.

По натпреварот, Зико рече дека Египет одигра одлична игра против актуелните светски шампиони, но верува дека неговата репрезентација не била третирана еднакво на теренот.
„Бевме брилијантни против актуелните светски шампиони. Но, судијата Франсоа Летексие беше очигледно пристрасен од самиот почеток на натпреварот“, рече Зико.
Според него, во текот на целиот натпревар, францускиот судија донел одлуки кои биле на штета на Египет и се обидел да го запре нивниот ритам на играта.

„Тој постојано се обидуваше да нè запре и сакал да нè замолчи на теренот“, додаде египетскиот фудбалер. Сепак, не застанал тука. Зико упати и многу сериозни обвинувања против самото натпреварување, тврдејќи дека исходот од Светското првенство бил однапред одреден.
„И честитам на Аргентина за освојувањето на Светското првенство. Турнирот е наместен и не им треба ништо повеќе“, рече видливо разочараниот репрезентативец на Египет. На крајот, тој уште еднаш повтори дека верува оти судењето е главната причина зошто неговиот тим не можеше да постигне подобар резултат.

„Судијата беше неправеден, неправеден, неправеден, неправеден“, заклучи Зико.
Натпреварот помеѓу Аргентина и Египет предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде што некои навивачи коментираа и за неколку контроверзни судиски одлуки.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милиони луѓе присуствуваа на погребната поворка на Али Хамнеи

Следно

Тошковски – Рита Колумбија: Заедничка посветеност за поефикасна превенција и заштита од родово базирано насилство

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop