„Туркиш ерлајнс“ евакуираше 256.754 луѓе од подрачјата погодени од земјотресот

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ (THY) евакуираше 256.754 лица од подрачјата погодени од земјотресите во Кахраманмараш, пренесува Анадолу.

Генералниот директор на авиокомпанијата, Билал Екси, сподели на социјалните мрежи информации за евакуацијата и карго летовите во регионот погоден од земјотресите.

„Досега направивме 1.516 повратни летови (3.032 лета) кон регионот на земјотресот. Евакуиравме 265.754 граѓани. Пренесовме 143.740 спасувачки тимови и хуманитарен персонал. Со 177 карго летови пренесовме 10.753 тони помош“, наведе Екси.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Њукасл тргнува по Кварацхелија

Следно

Видео: Глутница кучиња нападнаа домашен миленик во Скопје, жителите алармираат дека шетаат со страв

Latest from Blog