Туркије: Во воздушни напади уништени 29 терористички позиции во северен Ирак и Сирија

December 24, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Во турски воздушни напади уништени се 29 терористички позиции во северен Ирак и Сирија, а многу терористи се неутрализирани, соопшти турското Министерство за одбрана, јавува Анадолу.

„Целите, меѓу кои и пештери, засолништа, бункери и складишта, се уништени во 22 часот по локално време“, се вели во соопштението на Министерството, и се додава дека е проценето дека во некои од нив биле присутни терористи од висок ранг.

„Воздушните напади се извршени за да се елиминираат терористичките напади врз Туркије и нејзините безбедносни сили од северен Ирак и Сирија со неутрализирање на припадниците на терористичката група ПКК и други терористички елементи и да се осигура граничната безбедност во согласност со легитимните права за самоодбрана кои произлегуваат од член 51 од Повелбата на ОН“, се наведува во соопштението.

Се додава дека максимално била употребена муниција од турско производство.

Терористите на ПКК често се кријат во северен Ирак за да планираат прекугранични напади во Туркије.

„За време на оваа операција преземени се сите можни мерки на претпазливост за да се заштитат невините цивили, пријателските елементи, историските и културните знаменитости и животната средина од каква било штета“, се наведува во соопштението на Министерството.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК – која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ – е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Исфрлаа гости, почна тепачка, настана метеж и сплавот почна да тоне – сведочи младо момче за настаните на „Картел“

Следно

Газа: Најмалку 40 Палестинци загинаа во израелски воздушни напади во градот Деир ал-Балах

Latest from Blog

Хоџа: Преку партнерство со ЕУ до посилна заштита на природното богатство

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, при што беше потврдена заедничката заложба за заштита и одржлив развој

Божиновска на Денот на македонските инженери: Државата мора да инвестира во знаење и кадар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери,
Go toTop