Туркије во мај привлече 4,5 милиони странски посетители, 16,2 отсто повеќе од минатата година

June 23, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Туркије во мај привлече 4,5 милиони странски посетители, што е за 16,2 отсто повеќе од претходната година, објави денес турското Министерство за култура и туризам, јавува Анадолу.

Познатиот туристички град Анталија е најпосетен град со 33,6 отсто од вкупниот број странски посетители, при што минатиот месец се пречекани 1,51 милион странци.

Истанбул, најголемиот град во Туркије по население и популарна туристичка дестинација, се најде на второ место, со 1,5 милион странски посетители во мај.

Егејската област Мугла ја посетиле 380.899 странски посетители, додека северозападната област Едрене, која граничи и со Бугарија и со Грција, ја посетиле 349.123 странски посетители.

На врвот на листата на посетители по земји се најде Русија со 640.844, потоа Германија со 617.617 и Британија со 452.724.

– Кумулативна бројка –

Во периодот јануари-мај пристигнувањето на странски туристи во Туркије се зголеми за 23,7 отсто во однос на претходната година и надмина 14 милиони.

Русите го сочинуваат најголемиот дел од странските посетители во првите пет месеци од оваа година со 1,8 милиони, што е повеќе од двојно зголемено во споредба со пред една година.

По нив следуваат Бугарите со 1,06 милиони посетители, Британците со 982.267 и Иранците со 794.177 во првите шест месеци од 2022 година.

Истанбул го посетиле 44,7 отсто од вкупниот број странски посетители или 6,3 милиони во петмесечниот период. Анталија го зазеде второто место со 22,40 отсто или 3,1 милиони туристи. Потоа следува Едрене со 1,5 милиони посетители или 10,5 отсто.

– Туркије има цел оваа година да привлече 60 милиони странски туристи –

Туркије има цел да привлече 60 милиони странски туристи и да генерира приход од 56 милијарди долари во 2023 година, изјави турскиот министер за култура и туризам.

Во 2022 година околу 44,6 милиони странски туристи ја посетиле Туркије, што претставува пораст од 80,3 отсто во однос на претходната година.

Според податоците на Турскиот статистички институт (TurkStat), минатата година земјата има остварено приход од туризмот од 46,3 милијарди долари, во споредба со остварените 38,9 милијарди долари во 2019 година, периодот пред епидемијата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Билд ќе замени 200 вработени со вештачка интелигенција

Следно

ЕУ го повика Косово да ги прекине полициските операции во српските општини

Latest from Blog

Андоновски: Државата бележи историски раст во дигиталните услуги

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски соопшти дека во изминатите две години е постигнат значителен напредок во дигитализацијата на јавните услуги, при што, како што рече, државата бележи силен раст во користењето

Нова ескалација по американскиот напад: Танкер е погоден со проектил во Ормутскиот теснец

Според официјалното соопштение, нападнатиот брод претрпел штета на командниот мост. За среќа, сите членови на екипажот се неповредени и во моментов се безбедни, а UKMTO додава дека не е регистрирано загадување на

Утре во Скопје ќе се прска против комарци

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се изврши утре во раните утрински часови на скопската територија, информираа од Град Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе

Евростат: Македонија со најниски цени во Европа

Македонија е најевтина земја во Европа според најновите податоци на Евростат. Но, иако цените се најниски, тоа не значи и повисок животен стандард, бидејќи економистите нагласуваат дека ниските цени најчесто се поврзани
Go toTop