„Туркије веќе не е обичен статист во игрите на големите сили, туку водечки актер со свое сценарио и иницијаторска улога“

April 9, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Туркије и претседател на Партијата за правда и развој (АК партија), Реџеп Таип Ердоган, денес зборуваше на состанокот на парламентарната група на неговата партија во турското национално Собрание, известува Анадолу.

Турскиот претседател во своето обраќање ја истакна сѐ поголемата улога на Туркије во светот и додаде дека глобалните сили сѐ повеќе признаваат дека секој меѓународен план веројатно нема да успее без Туркије.

„Туркије веќе не е обичен статист во игрите на големите сили, туку водечки актер со свое сценарио и иницијаторска улога“, истакна Ердоган.

Осврнувајќи се на светската економија, претседателот на Туркије предупреди дека трговската војна предизвикана од воведените царини ќе има глобални последици и ја спореди со турбулентна бура што ќе влијае врз сите.

Зборувајќи за царините што претседателот на САД, Доналд Трамп, се труди да ги воведе за увозните продукти, Ердоган посочи дека Туркије е меѓу нациите „со ниски американски царини“ и додаде:

„Тоа ќе овозможи полесно да го надминеме овој период во споредба со многу други земји. Нашиот деловен свет може да биде спокоен.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Енрике: Астон вила значително се подобри во последните две години благодарение на Емери

Следно

Привршува судскиот процес против Мерко за набавката на автомобил „Ауди А6“

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop