Туркије: Уапсени 218 лица во врска со урнатите згради во земјотресот

March 2, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Досега во Туркије уапсени се 218 лица осомничени за недостатоци во изградбата на зградите кои се урнаа во земјотресите што го погодија јужниот дел на земјата на почетокот на февруари, јавува Анадолу.

Во рамките на истрагата што ја покренаа обвинителствата, утврдена е одговорност кај вкупно 869 лица. Досега се уапсени 218, а издадени се налози за апсење на уште 151 осомничено лице. Исто така, утврдено е дека 31 од осомничените не се живи, додека петмина од нив се наоѓаат во странство.

Како што објавија од обвинителствата, 81 осомничен по давање исказ биле пуштени на слобода.

Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Туркије на 6 февруари се искачи на 45.089, соопшти вчера Државната агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени погодија 11 турски области на 6 февруари: Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа.

Од земјотресите во Туркије погодени се над 13 милиони луѓе, како и многу луѓе во северозападна Сирија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Одлуката на пекарите останува во сила, и денеска нема да испорачуваат леб

Следно

Јапонија ќе испрати хуманитарна помош од 60 милиони долари за Мјанмар

Latest from Blog

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop