Јапонија ќе испрати хуманитарна помош од 60 милиони долари за Мјанмар

March 2, 2023
1 min read

ТОКИО (АА) – Јапонија ќе испрати хуманитарна помош во вредност од 60 милиони долари во Мјанмар, каде по воениот удар продолжува недостигот на храна и производи за секојдневна употреба, известува Анадолу.

Хуманитарната криза во оваа земја се влоши уште повеќе откако во февруари за уште 6 месеци е продолжена вонредната состојба, која е во сила во Мјанмар откако војската пред две години ја презеде власта во земјата.

Според веста што ја објави јапонската државна телевизија NHK, владата во Токио изјавила дека народот на Мјанмар сè уште има итна потреба од хуманитарна помош.

Во веста се наведува дека Јапонија одлучила во Мјанмар да испрати хуманитарна помош во вредност од 60 милиони долари, која опфаќа храна, лекови, инфраструктура и здравје.

Јапонскиот министер за надворешни работи Хајаши Јошимаса изјави дека неговата земја ќе продолжи да им помага на луѓето во Мјанмар, каде што хуманитарната криза се интензивира.

– Воен удар во Мјанмар

Армијата на Мјанмар ја презеде власта на 1 февруари и прогласи воена состојба во траење од една година, а како причина за држаниот удар беше наведена измамата на општите избори во земјата одржани на 8 ноември 2020 година. Пучистите ги притворија претседателот Вин Минт, челничката на земјата, Су Чу, како и останатите водечки членови на Национална лига за демократија (НЛД), владејачката партија во земјата и прогласија вонредна состојба.

Според податоците на Организацијата за помош на политичките затвореници, од пучот досега во Мјанмар животот го загубиле 2.901 лице, од кои 282 деца.

Воената власт досега приведе 17.525 лица, а во затвор сѐ уште се наоѓаат 13.719 приведени. Воените судови на смрт осудија 143 политички затвореници.

Според експертите на Обединетите нации, од пучот досега, со земја се срамнети најмалку 38.000 домови, што предизвика раселување на 1,1 милион луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Туркије: Уапсени 218 лица во врска со урнатите згради во земјотресот

Следно

На локација на која беа предвидени згради, почнува изградбата на нов парк во Аеродром

Latest from Blog

Зеленски: Крим и припаѓа на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека „Крим ќе остане со Русија“, истакнувајќи оти полуостровот и припаѓа на Украина. „Нашиот став е непроменет: само украинскиот

Финалето од Купот на Македонија ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесена е одлука финалето од Купот на Македонија да се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Финалниот натпревар

Во престрелката на Бит Пазар загина 31-годишен маж

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 31-годишен маж со иницијали А.С. од Скопје почина од повредите здобиени при пукање попладнево во близина на Полициската станица во Бит Пазар. Претдходно преку соопштение полицијата

ФФМ донесе одлука за отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 2

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесена е одлука за отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 2 и отпочнување на постапка за проект
Go toTop