Туркије спаси 14 нерегуларни мигранти потиснати од грчките сили

June 25, 2023
1 min read

ЧАНАККАЛЕ (АА) – Турската крајбрежна стража денес спаси 14 нерегуларни мигранти во северниот дел на Егејското Море, кои грчките сили нелегално ги потиснале назад во турските територијални води, јавува Анадолу.

Тимовите на Командата на крајбрежната стража во северниот дел на Егејот увиделе дека има нерегуларни мигранти на спасувачки сплав кај Ајваџик, Чанаккале.

Крајбрежната стража извести дека мигрантите се од Јемен, Судан и од Еритреја.

По потребните процедури, мигрантите што се спасени се пренесени во Канцеларијата за миграција во Ајваџик.

Во друг инцидент, 41 нерегуларен мигрант беа фатени во носач на багаж на пикап во Мугла, Туркије.

Властите приведоа две лица осомничени за шверц на мигранти.

Туркије и меѓународните групи за човекови права во неколку наврати ја осудија нелегалната практика на Грција за потиснување на нерегуларни мигранти, нагласувајќи дека со тоа ги крши хуманитарните вредности и меѓународното право со загрозување на животите на ранливите мигранти, меѓу кои има и жени и деца.

Се стравува дека стотици мигранти се загинати од бродот со мигранти што потона минатата недела недалеку од брегот на југозападна Грција. Некои извештаи укажуваат на тоа дека несреќата можеби се случила кога грчки брод се обидел да го истурка преполниот брод со мигранти во италијански води.

Туркије е клучна транзитна точка за нерегуларните мигранти што сакаат да преминат во Европа за да започнат нов животи, особено оние што бегаат од војна и прогон.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чеферин: Мора да се ослободиме од идиотите кои го понижуваат фудбалот

Следно

Во Саудиска Арабија за аџилак досега пристигнати над 1,6 милиони аџии

Latest from Blog

Шкорпијата да направи нешто романтично за саканата личност, а Вагата да одмара навечер

ОВЕН Иако денес ќе треба да патувате или да се занимавате со нешто уникатно и невообичаено, внимавајте на вашите секојдневни обврски и активности во спротивно ќе се појават проблеми. Следете ги правилата

Петрушевски: Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ – наместени тендери од 8 милиони евра и испрани 2 милиони

Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ, испрала 2 милиони евра, пари на граѓаните. Во 2023 година, под раководство поставено од тогашната власт на СДС и ДУИ, во ЕСМ бил наместен

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЗАГИНАЛЕ НА АВТОПАТОТ БЕЛГРАД – НИШ, автомобилот имал германска регистрација

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград-Ниш, дознава „Telegraf.rs“. Неофицијално, возачот на автомобилот „Сеат“ ја изгубил контролата врз возилото и излетал од патот. Маж

На култниот португалски клуб му се заканува целосно згаснување на крајот од годината

Фото: Боависта Х Поранешниот португалски шампион Боависта минува низ најтешките моменти во својата историја. Откако клубот беше исфрлен во аматерскиот ранг на натпреварување, сега му се заканува и целосно згаснување. Судот донесе
Go toTop