Туркије: Пожарите во Измир ставени под контрола

August 18, 2024
1 min read

ИЗМИР (АА) – Турскиот министер за земјоделство и шумарство, Ибрахим Јумакли, соопшти дека шумските пожари на планината Јаманлар во Измир, Урла и Болу се ставени под контрола, јавува Анадолу.

Јумакли за новинарите од округот Каршијака во Измир изјави дека денес има добри вести. Тој потсети дека од вчера се гасат осум пожари.

„Нема опасност на Јаманлар во Каршијака, Измир, каде што се наоѓаме во моментов, во однос на делницата што оди кон градот. Нашите пријатели ставија делови од пожарот под контрола. Продолжуваме со операциите за разладување“, рече Јумакли.

Тој наведе дека пожарот во Болу се случил на големо и широко подрачје со стрмен терен и карпи. Јумакли нагласи дека пожарникарите имале тешка борба.

„За среќа, ве известувам дека ова место сега е под контрола. Овде ќе се продолжи со разладувањето“, информираше турскиот министер.

Тој се осврна и на пожарот во Урла, во Измир и изјави дека некои населени места се евакуирани. Јумакли посочи дека нема предизвикана штета на куќите, ниту загуба на животи или повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По 71 година Иран ги тужи САД поради улогата на ЦИА во соборувањето на премиерот Мосадик

Следно

Американ ерлајнс ги откажа сите летови за Израел до април 2025 година

Latest from Blog

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена
Go toTop