Туркије: Новиот состав на Кабинетот денес го одржува својот прв состанок

June 6, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Новиот турски Кабинет, објавен од страна на претседателот Реџеп Таип Ердоган по неговиот реизбор на 28 мај, денес го одржува првиот состанок, јавува Анадолу.

Пред состанокот во Претседателскиот комплекс во главниот град Анкара, претседателот и членовите на Кабинетот го посетија „Аниткабир“, мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Република Туркије.

Ердоган во спомен-книгата на мавзолејот напиша дека Кабинетот ќе продолжи со целта за „Столетието на Туркије“ со одржувањето на својот прв состанок денес.

„Како претседател на Туркије, заедно со нашиот Кабинет, ќе ѝ служиме на цела Туркије и на сите нејзини 85 милиони жители со љубов“, напиша тој.

„Се надевам дека оваа година, во која ја доживуваме возбудата и гордоста од 100-годишнината на нашата република, која вие ни ја доверивте, ќе ја направиме почетна точка на нашиот период на раст“, додаде турскиот претседател во спомен-книгата.

Напорите за помош и обнова во јужните региони погодени од земјотресот, економските мерки, борбата против тероризмот и безбедноста на границите ќе бидат меѓу приоритетните теми на состанокот.

Во Туркије на 28 мај се одржа втор круг претседателски избори откако ниту еден кандидат не обезбеди повеќе од 50 отсто од гласовите потребни за целосна победа во првиот круг одржан на 14 мај.

Ердоган победи на изборите со освоени 52,18 отсто од гласовите, додека опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу освои 47,82 отсто, според официјалните резултати.

Ердоган во саботата, по неговата инаугурација во Анкара, го претстави својот нов Кабинет.

– Новиот турски Кабинет –

Потпретседател: Џевдет Јилмаз

Министер за правда: Јилмаз Тунч

Министер за семејство и социјални услуги: Махинур Оздемир Ѓокташ

Министер за труд и социјална сигурност: Ведат Ишихан

Министер за животна средина, урбанизам и климатски промени: Мехмет Озхасеки

Министер за надворешни работи: Хакан Фидан

Министер за енергетика и природни ресурси: Алпарслан Бајрактар

Министер за млади и спорт: Осман Ашкин Бак

Министер за трезор и финансии: Мехмет Шимшек

Министер за внатрешни работи: Али Јерликаја

Министер за култура и туризам: Мехмет Нури Ерсој

Министер за национално образование: Јусуф Текин

Министер за национална одбрана: Јашар Ѓулер

Министер за здравство: Фахретин Коџа

Министер за индустрија и технологија: Мехмет Фатих Каџир

Министер за земјоделство и шумарство: Ибрахим Јумакли

Министер за трговија: Омер Болат

Министер за транспорт и инфраструктура: Абдулкадир Уралоглу​​​​​​​



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дебатата за Украина ја водат тинк-тенкови финансирани од воената индустрија

Следно

Кремљ ја обвини Украина дека намерно ја саботирала браната „Нова Каховка“ за да го одвлече вниманието од „колебливата“ контраофанзива

Latest from Blog

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ
Go toTop