Туркије: Над 1,7 милиони луѓе на митингот во Истанбул

May 8, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – На помалку од една недела до претседателските и парламентарните избори во Туркије, претседателот Реџеп Таип Ердоган одржа голем митинг вчера во Истанбул на кој присуствуваа најмалку 1,7 милиони луѓе, јавува Анадолу.

Ердоган ги поздрави присутните на митингот во Истанбул и потсети на достигнувањата на неговата влада во последните 21 година.

Турскиот претседател рече дека неговата влада тројно го зголемила националниот приход во текот на изминатите 21 година. „За 21 година обезбедивме работа и храна за 21 милион луѓе придодадени на нашето население. Изградивме 10,5 милиони нови домови за 21 година и им обезбедивме на семејствата дом.“

Тој ја критикуваше турската опозиција поради нејзината непријателска реторика за домашните беспилотни летала и борбените дронови, и вети дополнително зајакнување на одбранбената индустрија на земјата.

Во однос на енергетиката, Ердоган потсети на резервите на природен гас и нафта вредни милијарди долари, откриени во Црното Море и во јужниот дел на Туркије, во областа Габар, што се ставени на располагање на турската нација.

Ердоган, исто така, рече дека неговата влада го спроведува „Големиот проект за Истанбулскиот тунел“, за кој рече дека „ќе биде третата цевка што ќе минува низ Мраморното Море“.

„Го подготвуваме Истанбул за ‘Столетието на Туркије’, а Истанбул ќе биде локомотива за подемот на ‘Столетието на Туркије’“, додаде тој.

Изборите во Туркије ќе се одржат на 14 мај. На ливчето на претседателски кандидати гласачите ќе избираат меѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој се кандидира за реизбор, и кандидатите од опозицијата Кемал Киличдароглу, Мухарем Инџе и Синан Оган.

На изборите, за места во 600-члениот турски Парламент ќе се борат 24 политички партии и 151 независен кандидат.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Русија ги засилува воздушните напади врз Украина во пресрет на одбележувањето на Денот на победата – 9 мај

Следно

Од денеска до 8 јуни граѓаните на Србија ќе можат да го предадат нелегалното оружје без да сносат одговорност

Latest from Blog

Божиновска: Рекорден интерес за субвенции за инвертер клима-уреди – 3.954 апликации досега

Голем интерес за субвенциите за набавка на инвертер клима-уреди што ги доделува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Според податоците на институцијата, заклучно со 12 септември годинава пристигнале вкупно 3.954 апликации

Комерцијална, Алкалоид и Стопанска банка со најголем дневен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Петочната сесија на Македонската берза беше обележана со значително зголемена активност, со вкупен промет од 58,9 милиони денари,

Трагедија кај Луштица: Девојка од Србија се удави додека се фотографирала

Во четвртокот попладне, во морето кај Луштица, екипи на рониоци и припадници на поморската единица неуспешно се обидуваа да го пронајдат и извадат телото на млада девојка од Србија. Девојката од Врњачка

Астероидот Рјугу содржел повеќе вода отколку што научниците сметаа дека е можно

Примероците собрани од астероидот Рјугу укажуваат дека тој во далечното минато содржел вода во многу поголеми количини, отколку што досега, научно, се сметаше дека е можно, што покажува дека слични вселенски тела
Go toTop