Туркије ќе ги обнови шумските екосистеми уништени во пожарите

July 24, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Како одговор на шумските пожари, турското Министерство за земјоделство и шумарство вети дека до крајот на годината со нови стебла ќе го пошуми земјиштето опустошено од шумските пожари, јавува Анадолу.

Туркије има план годишно да засадува над 500 милиони семиња и садници, со цел да ги обнови оштетените шумски екосистеми, изјави денес министерот за земјоделство и шумарство Ибрахим Јумакли за уредничкиот деск на Анадолу во главниот град Анкара.

Истакнувајќи ја важноста на напорите во текот на целата година за спречување на шумските пожари и пошумување, Јумакли рече: „Борбата со шумските пожари не е само одговор при нивно појавување. Мора да работиме континуирано во текот на годината.“

Тој додаде дека неговото Министерство започнало кампањи за подигнување на свеста и едукација за поддршка на овие напори.

Истакнувајќи ја улогата на напредната технологија и квалификуваниот персонал, министерот Јумакли го истакна клучниот придонес на хеликоптерите, авионите, дроновите и копнените возила во операциите за гаснењето на пожарите.

Тој ја пофали посветеноста на 25.000 лица вклучени во овие напори и ги спореди со безбедносните сили што ја бранат земјата.

„Овие поединци ги ризикуваат своите животи за да ја заштитат нашата зелена татковина, исто како што нашите безбедносни сили ја штитат државата“, рече тој.

Во обид да ги зајакне капацитетите за гаснење пожари на Туркије, Министерството нарача осум нови противпожарни хеликоптери со поединечен капацитет од приближно пет тони, истакна министерот и додаде дека се очекува испораката на овие хеликоптери да започне во 2028 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Министер Бен-Гвир им дозволи на еврејските доселеници да се молат во комплексот на џамијата Ал-Акса

Следно

Мицкоски најави 600 нови вработувања на приватни специјализанти

Latest from Blog

Николоски: Продолжува интензивната изградба на автопатот Прилеп – Битола

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека интензивно продолжуваат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните инфраструктурни зафати во земјава. Според Николоски, изградбата

Единаесетгодишно момче е извлечено од урнатините во Венецуела, три дена по земјотресите (ВИДЕО)

„Пред неколку минути, 11-годишно момче беше спасено во Карабаледа. Во овој момент, секој живот е извор на надеж за Венецуела“, напиша Родригез на X, прикачувајќи видео од спасувањето на детето кон својата

БАРОТ НА СМРТТА СЕ РЕНОВИРА – во него настрадаа 41 лице, сега ја менува својата функција

Барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што 41 лице загина, а 115 беа повредени во пожар на 1 јануари, никогаш повеќе нема да биде ресторан, вети претседателот на кантонот Вале, Кристоф Дарбел.
Go toTop