Министер Бен-Гвир им дозволи на еврејските доселеници да се молат во комплексот на џамијата Ал-Акса

July 24, 2024
1 min read

ЕРУСАЛИМ (АА) – Крајно десничарскиот израелски министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир денес им даде дозвола на нелегалните еврејски доселеници да се молат во комплексот на џамијата Ал-Акса во окупираниот Источен Ерусалим.

Говорејќи во Кнесетот (израелскиот Парламент), Бен-Гвир тврдеше дека тој го претставува политичкото раководство и дека им дозволува на Евреите да извршуваат молитви во комплексот на џамијата Ал-Акса.

„Јас сум политички ешалон, а политичкиот ешалон дозволува молитва во Планина на храмот (џамијата Ал-Акса)“, рече Бен-Гвир.

Екстремистичкиот министер, познат по антипалестинската реторика, тврдеше дека се молел на тоа место минатата недела.

Според израелскиот јавен сервис КАН, изјавата на Бен-Гвир претставува срам за премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој моментно е во посета на Вашингтон.

Минатиот месец Нетанјаху тврдеше дека статус кво состојбата во џамијата Ал-Акса „не се сменила и нема да се смени“ откако Бен-Гвир ги повика Евреите „јавно“ да се молат во комплексот.

Сегашната статус квото состојба им овозможува на муслиманите да се молат во комплексот Ал-Акса, а следбениците на другите религии да го посетат местото.

Ал-Акса за муслиманите претставува трето најсвето место на исламот. Евреите ја нарекуваат Планина на храмот, велејќи дека тоа било место на два еврејски храма во античко време.

Израел го окупираше Источен Ерусалим, каде што се наоѓа Ал-Акса, за време на Арапско-израелската војна во 1967 година. Го анектираше целиот град во 1980 година во потег што никогаш не беше признат од меѓународната заедница.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Камала става крај на старата Демократска партија

Следно

Туркије ќе ги обнови шумските екосистеми уништени во пожарите

Latest from Blog

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос

Коњановски: Од улици и спортски терени до дневен центар – битолчани со предлози за новиот буџет

Инфраструктурата, образованието, спортот, културата и социјалната заштита беа меѓу областите за кои битолчани предложија проекти на денешната прва сесија од Буџетскиот форум за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Општина Битола

„КУМОТ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“ АЛАРМИРА за ризиците од сајбер-напади и нови вируси

Нобеловецот предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да предизвика катастрофални последици преку сајбер-напади, дезинформации и развој на опасни вируси Џефри Хинтон, добитник на Нобеловата награда за физика за 2024 година, рече дека
Go toTop