Туркије и Ирак потпишаа 26 договори

April 23, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Туркије и Ирак потпишаа 26 договори во различни области во текот на вчерашната посета на претседателот Реџеп Таип Ердоган на главниот град Багдад, јавува Анадолу.

Ердоган го посети Ирак првпат по 13 години на разговори за билатералните односи, борбата против тероризмот и регионалните прашања, вклучително и тековната израелска војна во Појасот Газа.

По средбата на Ердоган со ирачкиот премиер Мухамед Шија ал Судани беа потпишани вкупно 26 договори меѓу двете земји.

Беше потпишан меморандум за разбирање за проектот „Развоен пат“ меѓу Туркије, Ирак, Катар и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Договорот, чија цел е да се воспостави автопат и железница во должина од 1.200 километри, беше потпишан од министрите за транспорт во присуство на Ердоган и Ал Судани.

Проектот „Развоен пат“ опфаќа железнички линии и автопатишта што се протегаат од големото пристаниште Ал Фав во Басра преку градовите Диванија, Наџаф, Карбала, Багдад и Мосул до турската граница, со цел да се обезбеди пристап од турската граница до пристаништето Мерсин и понатаму кон Европа преку Истанбул по копнени патишта.

Турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу рече дека проектот ќе отвори „нова врата“ во однос на регионалната трговија.

„Проектот ‘Развоен пат’, кој директно ќе придонесе за глобалниот трговски систем, исто така, ќе биде од корист за развојот на сите земји учеснички“, истакна Уралоглу на X.

Туркије и Ирак потпишаа договори во областите на енергетиката, трговијата, образованието, туризмот, спортот, здравството и одбраната за зајакнување на билатералната соработка.

За време на посетата Ердоган во Ербил се сретна и со претседателот Нечирван Барзани и со премиерот Масрур Барзани од ирачката регионална курдска Влада.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Британскиот парламент го одобри контроверзниот закон за депортација на мигрантите во Руанда

Следно

Во Грција уапсени 67 лица за спортско насилство и убиство на полицаец

Latest from Blog

ПОЖАРОТ НА КРИТ Е НАДВОР ОД КОНТРОЛА: Изгорени се куќи, хотелите се загрозени, луѓе евакуирани со чамци (ВИДЕО)

Пожарот што избувна во попладневните часови во среда (2 јули) во земјоделско-шумарска област, во градот Ахља во областа Ласити на Крит, избувна. Малку пред 20:30 часот, од бројот 112 е испратена нова

Во Собранието ќе заседаваат две комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии – Комисијата за култура и туризам и Законодавно правната комисија. Пред членовите на Комисијата за култура и туризам се Предлог законот за изменување и дополнување

Марк Ферстапен се сели во Мерцедес?

Четирикратниот последователен шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, наводно одлучил да го напушти Ред Бул. Како што објави „Скај Италија“, Холанѓанецот ја прифатил понудата на Тото Волф да се пресели во Мерцедес.

Во неколку израелски напади низ Појасот Газа убиени 23 Палестинци

АНКАРА (АА) – Најмалку 23 Палестинци се убиени, а десетици се повредени рано утринава во серија израелски напади низ Појасот Газа, според палестински извори, јавува Анадолу. Израелски воени авиони го бомбардираа училиштето

Температури над 40 во Македонија – ИЈЗ со препораки за граѓаните

Лицата над 65 години или старите лица се посклони кон здравствени проблеми поврзани со топлината. Согласно националните и меѓународните препораки, старите лица се категоризирани како т.н. „ризична категорија“. Зошто? Бидејќи потешко се прилагодуваат
Go toTop