Туркије и Ерменија ќе го продолжат процесот на нормализација „без никакви предуслови“

July 30, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Делегациите на Туркије и Ерменија денес „повторно нагласија“ дека треба да се продолжи процесот на нормализација меѓу нивните земји „без никакви предуслови“, јавува Анадолу.

„Тие повторно ја нагласија својата согласност за продолжување на процесот на нормализација без никакви предуслови за постигнување на крајната цел за целосна нормализација меѓу нивните земји“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

Сердар Килич, специјалниот претставник на Туркије за процесот на нормализација меѓу двете земји, и Рубен Рубинјан, заменик-претседател на ерменскиот Парламент, ја одржаа својата петта средба на граничниот премин Аликан – Маргара меѓу Туркије и Ерменија.

„Тие ги потврдија договорите постигнати на нивните претходни состаноци“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека двете страни се согласиле да ги оценат техничките барања за да се овозможи функционирање на железничкиот граничен премин Акјака/Ахурик, во согласност со регионалните случувања, како и да ги поедностават нивните меѓусебни визни процедури за оние кои имаат дипломатски и службени пасоши.

Туркије и Ерменија започнаа разговори за нормализирање на односите во јануари 2022 година, а преговорите најпрво се одржаа во руската престолнина Москва.

Оттогаш, специјалните претставници на Анкара и Ереван се состанаа уште три пати во австриската престолнина Виена, а последната средба се одржа во јули 2022 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на загинати во Газа достигна 39.400, израелските сили убија уште 37 Палестинци

Следно

Венецуела треба да докаже дека имало хакерски напад од Северна Македонија врз нејзиниот изборен процес

Latest from Blog

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар

Трамп: Крај на нападите врз енергетските цели; Русија: Да, но имаме услов

Кремљ денес го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за мораториум на меѓусебните напади на Русија и Украина врз енергетските капацитети, но Москва веднаш постави јасни услови – бара заштита на

7,3 милиони денари промет на берзата: Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.151,03 поени. Во однос

Коњановски: Битола има со што да се гордее, Стефанија освои два медали во Торино

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, оствари средба со битолчанката Стефанија Димовска, ученичка во втора година во гимназијата „Јосип Броз Тито“, која од меѓународната олимпијада „IESO 2026“ во Торино, Италија, се врати со

Проданоски: Прилеп останува посветен на еднакви можности за секое дете

Во ООУ „Климент Охридски“ во Прилеп е ставена во функција новата, современо опремена сензорна соба и дефектолошките кабинети во рамки на Центарот за поддршка во училиштето. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски,
Go toTop