Туркије и Ерменија ја потврдија посветеноста кон нормализација на односите

June 19, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије и Ерменија се посветени кон нормализација на односите без предуслови, рекоа турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и ерменскиот премиер, Никол Пашинјан, во телефонскиот разговор реализиран вчера, јавува Анадолу.

„Двајцата лидери ја истакнаа политичката волја за потполна нормализација на односите меѓу Туркије и Ерменија без какви било предуслови“, соопшти Дирекцијата за комуникации на Туркије.

Ердоган и Пашинјан ја нагласија важноста за продолжување на разговорите на специјалните претставници од двете страни и ги потврдија точките што досега ги усогласиле двете страни.

Пашинјан му упатил честитки на Ердоган по повод муслиманскиот празник Курбан бајрам, а турскиот лидер му упатил најискрени желби на ерменскиот премиер по повод претстојниот празник Преображение Христово.

Ердоган му изразил и сочувство на Пашинјан поради неодадмнешните поплави во северна Ерменија.

„Лидерите го поздравија тековниот дијалог меѓу високите претстсавници на Туркије и Ерменија и разговараа за неодамнешните случувања во регионот и меѓународната сцена“, се наведува во соопштението.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Колумбискиот претседател Густаво Петро го повика израелскиот народ да го крене својот глас против нападите во Газа

Следно

Скопскиот градски превоз ќе чека подобри времиња со нова локална власт?

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop