„Туркије го проширува своето присуство во вселената и покрај сите пречки“

July 9, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ова утро изјави дека и покрај пречките и ограничувањата, Туркије го проширува своето присуство во вселената, мислејќи на лансираниот домашен сателит Турксат 6А, известува Анадолу.

Првиот турски домашен комуникациски сателит Турксат 6А беше успешно лансиран од американската сојузна држава Флорида со ракетата Фалкон 9 на СпејсX.

Лансирањето се случи вчера во 19:30 часот по локално време од вселенската станица Кејп Канаверал.

Ердоган потсети дека Туркије пред две и пол години со иста ракета го лансираше и својот сателит Турксат 5Б.

„Задоволни сме што ја зајакнуваме соработката со Илон Маск и СпејсX на различни полиња“, рече Ердоган.

Тој рече дека Туркије има завршено повеќе од 81 % од потсистемите и софтверската работа од домашни извори за Турксат 6А, што е важно за иднината на земјата на полето на вселената.

Претседателот Ердоган потсети и дека Туркије неодамна го извела своето прво вселенско патување со екипаж, како дел од националната вселенска програма.

„Туркије со Турсат 6А дојде до нова фаза во производството на сателити“, рече Ердоган.

Турксат 6А ќе овозможи да се зголеми извозот на услугите на новата платформа, а Туркије ќе им се приклучи на земјите способни да произведуваат свои комуникациски сателити.

Ердоган, исто така, рече дека е значајно тоа што Туркије може да произведува критични комуникациски сателити без да зависи од странски земји.

Турксат 6А е прв геостационарен комуникациски сателит што го изгради Туркије, а проектот го водеа Турскиот институт за истражување на вселенска технологија при Институтот за научни и технолошки истражувања и компанијата „Туркиш Аероспејс Индустрис“.

Сателитот тежок 4,25 тони ќе биде поставен на орбитална позиција од 42 степени источно, а неговиот животен век во орбитата ќе биде 15 години.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

„Бројот на убиени во Газа може да надмине 186.000“

Следно

Кузманов за „Студио 10“: Седум главни теми на 75 НАТО Самит

Latest from Blog

Во случај на отказ, Нагелсман ќе добие 14 милиони евра!

ФОТО:.facebook.com/DFBTeamEN/ Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, се обезбеди во случај да добие отказ по Светското првенство. Тоа лесно може да се случи, бидејќи четирикратните светски шампиони веќе беа сопрени во 1/16 финалето.

Гаши-Папуашвили: Во периодот што следи да се интензивира соработката меѓу двете држави

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, кој од 30 јуни до 1 јули 2026 г. е во официјална посета на Грузија, денеска имаше средба со претседателот на Парламентот на

Светски економски форум: Македонија со раст од 14,5% во чистата енергија

Додека глобалната енергетска транзиција забавува под притисок на геополитичките кризи, високите инвестициски трошоци и недоволно развиената инфраструктура, Македонија е меѓу државите што годинава бележат најголем напредок во развојот на чистата енергија. Ова

Меџити: Објавен јавниот повик за поставување нови лифтови во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека е објавен јавниот повик за финансиска поддршка за поставување нови лифтови во колективните станбени згради во општината, со што започнува реализацијата на еден од
Go toTop