Туркије го предводи глобалното движење на Меѓународниот ден за нула отпад

March 30, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Под водство на првата дама Емине Ердоган, Туркије денес, на Меѓународниот ден за нула отпад, е на чело на глобалното движење за нула отпад, истакна турското Министерство за надворешни работи, пренесува Анадолу.

Денес, кога светот по втор пат го одбележува Меѓународниот ден на нула отпад, Туркије стои на чело на длабоката трансформација кон „позелен и почист свет“, соопшти Министерството преку платформата Х.

Луѓето низ светот се повикани да преземат мали, но влијателни акции за да придонесат кон иницијативата за нула отпад, велејќи „не на пластиката за еднократна употреба и да на рециклирањето и одржливите производи“, додава Министерството.

„Водството на Туркије во ова движење ја нагласува посветеноста на нацијата кон грижата за животната средина и поставува инспиративен пример за земјите низ светот“, се истакнува.

Првата дама го предводи движењето за нула отпад во Туркије и помогна тоа да прерасне во глобална иницијатива, што кулминираше со усвојувањето на резолуција во Генералното собрание на Обединетите нации во декември 2022 година за поддршка на принципите за нула отпад.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Крузер се заби во бетонски ѕид на Дунав, има повредени

Следно

Непознати сторители ги искршиле прозорците на манастирот „Свети Атанасиј“ на тетовското Кале

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop