Туркије го поздрави усвојувањето на планот за обнова на Газа на самитот на Арапската лига

March 5, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије денес го поздрави усвојувањето на планот за обнова на Појасот Газа на самитот на Арапската лига, соопшти денес турското Министерство за надворешни работи, јавува Анадолу.

„Ќе продолжиме да ги поддржуваме иницијативите што имаат цел постигнување траен прекин на огнот, започнување на обновата на Газа и кои ќе обезбедат Палестинците да живеат во мир на сопствена земја“, се вели во соопштението на Министерството.

Вонредниот арапски самит во Каиро вчера го усвои египетскиот план вреден 53 милијарди долари за обнова на Појасот Газа без раселување на Палестинците од нивната земја.

Арапскиот предлог дојде по планот на американскиот претседател Доналд Трамп да ја „преземе“ Газа и да ги исели Палестинците за да ја развие во „ривиера на Блискиот Исток“.

Неговиот план беше отфрлен од арапскиот свет и многу други земји што рекоа дека тоа соодветствува на етничко чистење.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прв пат во историјата: Музичко шоу на полувреме на СП 2026

Следно

ОЈО: Досега не е примена кривична пријава поднесена од Хајрулахи

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop