Туркије го осуди нелегалниот влез на израелскиот министер Бен Гвир во Ал Акса

May 21, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Власта на Република Туркије силно го осуди денешниот нелегален влез на израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен Гвир, во придружба на израелските безбедносни сили во комплексот Ал Акса и порача дека тој потег недвојбено го крши меѓународното право, известува Анадолу.

„На кој било начин не е прифатливо член на израелската Влада на ваков начин да го оспорува историскиот статус на Ал Акса и да се впушта во провокативни и фашистички акции“, се наведува во соопштението на турското МНР.

Анкара во оваа прилика, врз основа на меѓународното право, ја повика Владата на Израел веднаш да ја прекине секоја провокативна акција која го нарушува историскиот статус на Харам-и-Шариф и од неа побара да се однесува одговорно.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Аудиција“ според текст на Александар Галин во режија на Владимир Милчин вечерва премиерно во Прилепскиот театар

Следно

Зеленски: Бахмут не е под окупација на Русија

Latest from Blog

Стејт департментот нуди награда од три милиони долари за информации за напади врз американските објекти во Ирак

Објавата уследи откако Амбасадата на САД во Багдад, Генералниот конзулат во Ербил и Центарот за дипломатска поддршка во Багдад постојано се цел на напади од почетокот на војната меѓу САД и Израел

Николоски: Политиките на субвенционирање донесоа силен раст во авиосообраќајот

Значителен раст на бројот на патници и отворање на нови авиолинии бележат македонските аеродроми, што според заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски е резултат на актуелниот модел на

Ќе ги отстрани ли некој питачите на семафори: Загрозуваат безбедност, а казните се 15 евра

Конкуренцијата на питачи на раскрсниците низ Скопје се зголеми во последните месец дена и со тоа се зголеми и ризикот по сите учесници во сообраќајот. До неодамна само на две-три раскрсници имаше
Go toTop