Туркије ги осуди израелските напади во Газа

May 9, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Туркије денес ги осуди израелските напади во Газа кои резултираа со смрт на Палестинци, жени и деца, јавува Анадолу.

„Ваквите одвратни дејствија во никој случај не се прифатливи“.

„Очекуваме овие напади веднаш да бидат прекинати, без дополнителни загуби на животи и без да предизвикаат нова спирала на конфликт во регионот“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

Министерството изрази сочувство до Палестинците.

Најмалку 12 лица загинаа, меѓу кои жени и деца, а 20 се повредени во воздушните напади извршени рано утринава во Газа од страна на израелската војска.

Министерството за здравство во Газа го соопшти бројот на жртвите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Ново издание на 360°: Кога државата капитулира пред една дивоградба

Следно

Кина протера канадски дипломат од Шангај

Latest from Blog

Тајван ги доби првите нови американски авиони Ф-16, нарачани се 66

Авионите слетаа во воздухопловната база Чиханг во источниот округ Тајтунг околу пладне, по летот од Хаваи и попатното застанување во Гуам. Тајванскиот претседател Вилијам Лаи Чинг-те изјави дека пристигнувањето на авионите претставува

Манчестер сити би можел да добие и дополнителна казна од ФА на Англија

Фудбалската асоцијација на Англија конечно се огласи за случајот со Манчестер сити, со што целата ситуација добива нова димензија. Случајот со Манчестер сити, односно наводните прекршувања на финансиските правила од страна на

Таневски: Битола уште еднаш покажа дека е вистински фудбалски град

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Александар Таневски, упати благодарност до Битола и до навивачите за поддршката која ја доби репрезентацијата на вчерашниот натпревар. Таневски истакна дека атмосферата од трибините им

Димитриеска-Кочоска: Ги отвораме вратите за нови инвестиции и економско поврзување со Шведска

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во земјава, Ола Сулстром, на која било разговарано за унапредување на соработката меѓу двете земји. Како што информира Димитриеска-Кочоска, фокусот
Go toTop