Туркије ги одбележува Денот на националниот суверенитет и Денот на детето

April 23, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Во Туркије денес се одбележува националниот празник Ден на националниот суверенитет и Ден на детето, како и 104-годишнината од основањето на турскиот Парламент, односно Големото народно собрание на Република Туркије (ТБММ), јавува Анадолу.

Еден од најважните национални празници во Туркије традиционално се одбележува со голем број манифестации на кои учествуваат децата од земјата и странство.

Претседателот на Големото народно собрание на Република Туркије, Нуман Куртулмуш, ја предводеше државната делегација на церемонијата на положување цвеќиња во комплексот Аниткабир, мавзолејот на основачот на модерна Туркије, Мустафа Кемал Ататурк.

На церемонијата присуствуваа и пратеници од турскиот Парламент, министри и претставници на политички партии, како и други претставници. Исто така, можеше да се забележи големиот број деца од различни делови на Туркије.

Државниот празник Ден на националниот суверенитет и Ден на детето се одбележува на 23 април, ден кога во 1920 година беше отворено Големото народно собрание на Република Туркије.

На денешен ден во 1924 година е одлучено денот на формирањето на Големото народно собрание да се одбележува како државен празник. Пет години подоцна, на 23 април 1929 година, тој празник им е подарен на децата.

Од 1929 година се одбележува како Ден на националниот суверенитет и во исто време како Ден на детето.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Европа на удар на климатските екстреми: „Ќе станат почести и поинтензивни“

Следно

Со пензионирани пилоти ќе се спасува сезоната на пожари 

Latest from Blog

Иранците во Британија: Оваа војна само го зајакнува режимот во Техеран

Во писмо до премиерот Кир Стармер, потписниците тврдат дека сегашниот начин на водење војна само го зајакнува режимот во Техеран, објавува „Гардијан“. Војната го зајакнува авторитарното владеење Писмото е противтежа на оние

Антикорупциска не утврди судир на интереси кај директорот на СОЗР со фирмата „Сити аутсорсинг“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница не утврдила судир на интереси кај директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски и фирмата „Сити аутсорсинг“, за

Крмов: До јуни треба да се постигне договор за измените на Изборниот законик

Работната група формирана за подготовка на новиот Изборен законик продолжува со работа, а пратеникот од Левица, Борислав Крмов, посочи дека за усвојување на законот ќе биде неопходен поширок политички консензус меѓу партиите.

Реал им забрани на навивачите да скандираат: Пеп изгледаш како пе**р“

фото: Football Journalist @Lux_CFC (X) Директорот на Реал Мадрид, Хозе Луис Санчез, разговараше со навивачите на клубот пред натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити. УЕФА претходно го казни
Go toTop