„Туркије досега испрати 40.000 тони хуманитарна помош во Појасот Газа“

March 9, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денес изјави дека неговата земја од почетокот на израелските напади на Појасот Газа досега со авиони и бродови испратиле околу 40.000 тони помош во палестинската енклава, известува Анадолу.

„Се очекува уште еден брод на турската Црвена полумесечина со 3.000 тони помош во недела да стигне до египетското пристаниште Ал-Ариш“, рече Ердоган на состанокот на Генералното собрание на Истанбулската фондација за ширење на знаење.

Најавувајќи дополнително зголемување на помошта за палестинскиот народ во текот на претстојниот месец на постот Рамазан, Ердоган рече дека Туркије и нејзиниот народ недвојбено најмногу се грижат за палестинското прашање.

Истакнувајќи дека во директните израелски напади врз цивилите во Појасот Газа досега се убиени повеќе од 32.000 Палестинци, а ранети се над 72.000, претседателот на Туркије рече дека случувањата во Газа од 7 октомври досега го надминале секој праг на толеранција.

Ердоган додаде дека Туркије одлучно се залага масовните убијци, на кои веќе им суди совеста на човештвото, да бидат процесуирани и изведени пред меѓународните судови.

„Со злосторствата против човештвото во Газа, Нетанјаху и неговата администрација ги додадоа своите имиња на листата на нацисти на денешнината покрај Хитлер, Мусолини и Стаљин“, рече Ердоган.

Претседателот на Туркије изрази и жалење поради неуспехот на исламскиот свет, со популација од околу 2 милијарди, што не е во состојба во потполност да ја исполни својата должност на вистинско братство кон палестинскиот народ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Три лица починаа во хеликоптерска несреќа во близина на американско-мексиканската граница

Следно

Се реконструира дел од водоводната мрежа на ул. „Антон Попов“ во Гази Баба

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop