Туркије: Десет лица загинаа, 59 се повредени во верижен судар на автопат

December 28, 2023
1 min read

САКАРИЈА (АА) – Десет лица загинаа, а 59 се повредени во тешка сообраќајна несреќа во која учествуваа седум возила на делницата Сакарија на автопатот Северна Мармара во Туркије, јавува Анадолу.

Седум возила, меѓу кои три автобуси и еден камион, учествуваа во верижен судир на делот Сакарија на автопатот Северна Мармара во правец кон Истанбул.

На местото на несреќата пристигнати се бројни медицински екипи, противпожарни бригади и припадници на Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД).

Поради несреќата во прекин е сообраќајот во правец на Истанбул. Екипите почнаа да ги отстрануваат возилата од автопатот на подрачјето каде што маглата е густа. Сообраќајот е пренасочен кон Анадолскиот автопат, а сообраќајот се одвива нормално на автопатот Северна Мармара во правец кон Анкара.

Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа на социјалните мрежи потврди дека десет лица загинале на местото на несреќата, а 59 се повредени, од кои осум потешко.

Министерот за правда Јилмаз Тунч изјави дека е отворена истрага за тешката сообраќајна несреќа.

Гувернерот на Сакарија, Јашар Карадениз, го посети местото на несреќата и за новинарите изјави дека во верижниот судир учествувале седум возила.

„Се смета дека до несреќата дошло кога автомобил удрил во камион. Потоа во него удриле другите возила“, изјави Карадениз.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дали идеите вредат да се положи животот за нив, или не?, прашува Венко Андоновски во „Падот на Масада“ чија премиера е вечерва во Драмски

Следно

Повик до Меѓународниот кривичен суд во Хаг да ги истражи израелските злосторства во Газа

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop