Туркије денес се приклучува кон случајот против Израел за геноцид пред МСП

August 7, 2024
6 mins read

ХАГ (АА) – Туркије денес го поднесува своето барање за интервенирање во случајот против Израел за геноцид, инициран пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) од страна на Јужноафриканската Република, јавува Анадолу.

Како дел од потегот соопштен во понеделникот од турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, Анкара подготви досие што има потенцијал значително да влијае врз текот на судењето за војната на Тел Авив во Газа.

Амбасадорот на Туркије во Хаг, Селчук Унал, ќе ја поднесе апликацијата пред Судот во 13:30 часот по Гринич, изјави денес портпаролот на Министерството за надворешни работи Онџу Кечели.

„Сеопфатното и детално барање“ ќе се заснова врз член 63 од Статутот на Судот, рече тој.

Анадолу собра информации за опсегот и потенцијалното влијание на приклучувањето на Туркије во случајот против Израел, со што е седма земја што го стори тоа по Никарагва, Колумбија, Либија, Мексико, Палестина и Шпанија.

Важен симболичен потег, интервенирањето на Туркије се очекува да биде најзначајно во случајот, кој најверојатно ќе ги охрабри и другите земји во регионот да се приклучат.

Се очекува документот да ги поддржи аргументите на Јужноафриканската Република и да се осврне на тоа како Конвенцијата за геноцид треба да се примени на дејствата на Израел во Газа од 7 октомври минатата година.

Непочитувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива врз Газа од нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година.

По десет месеци од почетокот на израелската војна огромни делови од Газа се во урнатини, а постои и блокада за храна, чиста вода и лекови.

Израел уби речиси 40.000 Палестинци во Газа од 7 октомври и обвинет е за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговата воена офанзива.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, со чија последна пресуда му се нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.

Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Кечели, исто така, го повтори повикот на Анкара Советот за безбедност да ја одигра својата улога во имплементацијата на привремените мерки на МСП.

– Правна основа за интервенирање –

Државите можат да интервенираат во случај пред МСП врз основа на два члена, 62 и 63, од Статутот на Меѓународниот суд на правдата (МСП).

Ако државата има намера да интервенира според член 62, таа мора прво да поднесе барање до Судот со кое ќе покаже дека има одреден интерес од правна природа и може да биде засегната од одлуката за случајот.

Одредбата му дава на МСП дискреционо право да ги одобри или одбие таквите барања. Доколку го одобри барањето, државата што интервенира може да учествува во постапката, да дава изјави и да поднесува докази до МСП или како странка или како нестранка во судскиот процес.

Доколку приклучувањето кон случајот се прави според член 63, им се овозможува на државите повеќе да учествуваат во толкувањето на договорот, во овој случај Конвенцијата за геноцид од 1948 година, поврзан со судската постапка отколку со суштинските факти на спорот.

Интервенциите според оваа одредба се признати како право на државите што се страни во односниот договор. Откако ќе ја испита формата на интервенирањето, потоа Судот ја дозволува или ја отфрла пријавата.

Доколку се смета дека декларацијата ги исполнува условите од членот, толкувањето на Конвенцијата во пресудата на Судот е подеднакво обврзувачко за државата што интервенира.

Меѓу земјите што интервенираа во случајот поднесен од Јужноафриканската Република против Израел за геноцид, само Никарагва го стори тоа според член 62, а Палестина се приклучи кон случајот според двата члена. Колумбија, Либија, Мексико и Шпанија интервенираа само според член 63.

Иако Туркије аплицира според член 63, го задржува правото да интервенира и според член 62.

Во подоцнежните фази од случајот Анкара може да поднесе ново барање за интервенција според член 62 или да ги модифицира своите изјави и декларацијата според член 63.

Со интервенирањето во овој случај државите можат да го „водат“ судското толкување на Конвенцијата за геноцид и утврдувањето на геноцидот во Газа, а со тоа да вршат правен и политички притисок врз Судот во идентификувањето на потенцијалните геноцидни дејства од страна на Израел.

– Цел и улога на интервенирањето –

Интервенциите на државите пред МСП се ретки, но добија ново значење во последниве години како начин земјите да ги поддржат земјите апликанти, особено по случајот за геноцид врз Рохинџите што Гамбија го поднесе против Мјанмар во 2019 година, како и по случајот на Украина против Русија за геноцид во 2022 година.

Претходно трети земји интервенираа само во случаи што, иако беа иницирани меѓу две други држави, тесно влијаеја врз нивните интереси, како што се споровите за границите.

Меѓутоа, во случаи на глобална загриженост, како што е геноцидот, интервенцијата сега им дава на државите правна основа да дејствуваат по прашања што ги засегаат нивните сопствени интереси.

Откако МСП прифати 32 од 33 барања за интервенирање во случајот на Украина против Русија, овој механизам се користеше почесто за притисок врз обвинетите држави.

– Важноста на интервенцијата на Туркије –

Интервенцијата на Туркије во случајот против Израел за геноцид ги потврдува нејзините правни и морални одговорности на глобалната сцена.

Се очекува Анкара да претстави подетална и сеопфатна декларација во споредба со другите држави што интервенираа, потенцијално принудувајќи го Судот да го следи советодавното мислење на МСП од 19 јули оваа година, во кое се наведува дека Израел незаконски ги окупира палестинските територии од 1967 година.

Со оглед на другите нејзини напори за мир во регионот, интервенцијата на Туркије може да ги поттикне соседните земји поактивно да учествуваат во идентификувањето на прекршувањата на меѓународното право во Газа и во одбраната на палестинските права.

Дополнително, толкувањата на Конвенцијата за геноцид од страна на моќен регионален актер како Туркије имаат потенцијал значително да влијаат врз размислувањата на судиите на МСП, како и на исходите и од овој случај за геноцид и од другите што може да се појават во иднина.

– Што ќе се случи по известувањето за интервенција на Туркије?

Откако Туркије ќе ја поднесе својата изјава за интервенција, Судот ќе побара писмени мислења од инволвираните страни, Јужноафриканската Република и Израел.

Доколку смета дека е потребно, може да одржи усна расправа за да се утврди прифатливоста на интервенцијата.

Секретарот на МСП може, исто така, да го пренесе текстот за интервенирање на Туркије до генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), земјите членки на ОН и другите земји што интервенираат.

Судот ќе ги објави текстовите за интервенција на интернет, освен ако не се одлучи поинаку, а текстот на Туркије се очекува до крајот на неделата.

Иако Израел, како страна во случајот, може да поднесе писмени забелешки против интервенцијата на Туркије, Анкара може да даде писмени контразабелешки. Обично МСП донесува одлуки за интервенциите од повеќе земји во една пресуда.

– Во која фаза Туркије интервенира во случајот?

Во моментов МСП е во првата фаза на прелиминарните приговори во случајот против Израел за геноцид.

Доколку утврди дека Судот има јурисдикција за сослушување за случајот за геноцидот во Газа, ќе продолжи во втората фаза со разгледување на основаноста на случајот и ќе ја донесе својата конечна одлука.

Така, Туркије и другите држави што интервенираат ги поднесуваат своите декларации во раните фази на случајот. Ова ќе им овозможи да учествуваат во расправата за јурисдикцијата на Судот, покрај основаноста на случајот.

Дозволени се барања за интервенирање до крајниот рок за поднесување во втората фаза.

– Кога се очекува да заврши случајот?

Иако МСП ги забрза постапките во последниве години, за сложените случаи, како што е геноцид, често се потребни повеќе од една деценија за нивно решавање.

На пример, случајот за геноцидот во Сребреница траеше околу 14 години, а сличен случај во врска со Хрватска траеше 16 години.

Постапките во тековните случаи за геноцид поднесени од Гамбија и Украина укажуваат дека случајот против Израел може да потрае седум-осум години до неговото завршување.

– Случајот на Јужноафриканската Република против Израел за геноцид пред МСП

Јужноафриканската Република го иницираше случајот против Израел за геноцид пред МСП на 26 декември минатата година, тврдејќи дека Тел Авив ја прекршил Конвенцијата за геноцид од 1948 година поради неговата тековна брутална офанзива врз Појасот Газа.

МСП одговори со издавање привремени мерки на 26 јануари, барајќи од Израел да преземе чекори за да спречи геноцидни акти, вклучително и запирање на воените дејства, обезбедување испорака на хуманитарна помош и зачувување на доказите за прекршувањата.

По дополнителното барање од Јужноафриканската Република на 6 март, МСП на 28 март му наложи на Израел да го дозволи доставувањето на итна хуманитарна помош за Газа, да ги обезбеди правата на Палестинците и подоцна да поднесе извештај за мерките што ги презел за спроведување на оваа одлука.

На 24 мај МСП утврди дека претходните мерки се недоволни поради тешката хуманитарна ситуација во градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, наредувајќи му на Израел веднаш да ги прекине воените напади, да го држи граничниот премин Рафа отворен за влез на хуманитарна помош и да им дозволи на истражителите на Обединетите нации пристап до палестинската енклава.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Путин ја обвини Украина за „провокација од големи размери, неселективно пукање“ во Курск

Следно

Зеленски ја продолжи мобилизацијата и вонредната состојба за уште 90 дена

Latest from Blog

Ристовски – Рокас: ЕУ е докажан партнер во развојот на македонскиот спорт

Македонското Министерство за спорт и Канцеларијата на Европската унија во Скопје договорија блиска соработка и промовирање на вистински вредности кои ќе значат здрава младина за европска иднина на Македонија. Ова денеска на

ЕУ донира шест еко-автобуси за скопјани, Арсовска вели владината најава за нови автобуси е задоцнета

Градоначалничката Данела Арсовска ја поздрави владината најава за набавка на стотина електрични автобуси. Сепак, таа оцени дека ваквата реакција е задоцнета. Арсовска повтори дека пред Советот на Градот постојано како точка на

Кадарот на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска не сака повеќе да биде мајка на Скопје

Актуелната градоначалничка на Скопје,Данела Арсовска, денеска се произнесе дека на претстојните локални избори нема да се кандидира за позицијата прв човек на главниот град. „Апсолутно не размислувам за нов мандат“, одговори на

Сиљановска Давкова го прими Венко Филипче, разменети мислења за политичките и безбедносните состојби

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими Венко Филипче, претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и претседател на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието. На средбата беа разменети мислења за општествениот амбиент,

Што го налути Борисов за да не прифаќа да биде мандатар за состав на нова бугарска влада?

Политичката ситуација во Бугарија никако да се стабилизира. Најновите моменти со одбивањето на Борисов да е мандатар за нова влада, одат во правец на тоа дека нашиот источен сосед веројатно напролет ќе
Go toTop