Зеленски ја продолжи мобилизацијата и вонредната состојба за уште 90 дена

August 7, 2024
1 min read

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша два закони за продолжување на мобилизацијата и вонредната состојба за уште 90 дена во земјата разурната од речиси 2,5 годишната војна.

Парламентот минатиот месец гласаше за двата закона и го поддржа продолжувањето на мобилизацијата и вонредната состојба до 9 ноември.

Зеленски првпат прогласи вонредна состојба и општа мобилизација на 24 февруари 2022 година, кога Русија ја почна „специјалната воена операција“ во Украина. Оттогаш, мерките се продолжуваа неколку пати.

Украинското воено воздухопловство во текот на ноќта ги собори сите 30 беспилотни летала лансирани од Русија врз седум региони, соопшти војската во соопштението на Телеграм.

Воздухопловните сили соборија 14 беспилотни летала над јужниот регион Миколаев, објави нејзиниот гувернер. Тој објасни дека во нападот биле предизвикани два пожара што во меѓувреме се изгаснати, а нема извештаи за жртви.

Армијата собори уште четири беспилотни летала над регионот Хмелницки, додека од нивните остатоци се оштетени магацини и работилница во една од производствените компании, објави гувернерот на регионот, пренесе Фена.

Четири беспилотни летала беа соборени над централните региони Черкаси и Виница, а локалните власти соопштија дека нема повредени или жртви.

Украинските регионални власти соопштија дека воздушната одбрана ги погодила целите, без да дадат детали за последиците од нападот.

Гувернерот на регионот Шуми изјави дека во текот на ноќта над регионот била соборена балистичка ракета. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије денес се приклучува кон случајот против Израел за геноцид пред МСП

Следно

ДУИ: Не е исклучена можноста за протести наесен но во рамки на демократските механизми кои стојат на располагање

Latest from Blog

Дортмунд со рутинска победа на стартот во Бундеслигата

ФОТО:facebook.com/BVB/ Фудбалерите на Борусија Дортмунд го победија Хамбургер со 2:0 на почетокот од Бундеслигата. Дортмунд оствари рутинска победа на домашен терен, а прашањето за победникот беше решено во првиот дел од натпреварот.

Побунети војници го нападнаа аеродромот и претседателската палата во Нигер (ВИДЕО)

Четири извори на Ројтерс изјавија дека бунтовни војници стојат зад нападот. Државната телевизија и радио престанаа да емитуваат околу 8 часот наутро по локално време. Воените власти апелираа за смиреност и рекоа

„ПОВЕЌЕ БИЗМАРК, ПОМАЛКУ ХИТЛЕР“, повеќе од 19, помалку од 20 век. Повеќе германска величина, помалку криминал

AfD сè уште држи над 40 проценти во анкетите на јавното мислење пред регионалните избори во Саксонија-Анхалт на 6 септември, а дебатата за можна забрана на AfD продолжува во Германија. Пред еден
Go toTop