Туркије: Бројот на загинати во земјотресите порасна на 44.374

February 27, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Бројот на загинати во разорните земјотреси што на 6 февруари ги погодија јужните региони на Туркије, со епицентар во Кахраманмарасш, се зголеми на 44.374, јавува Анадолу.

Од Управата за вонресни состојби на Туркије (АФАД) соопштено е дека од 6 февруари досега на југот на Туркије се регистрирани вкупно 9.136 земјотреси, односно последователни потреси на тлото по првите два земјотреси со магнитуда од 7,7 и 7,6 степени.

Од земјотресот погодена беше и северна Сирија, а потресите се почувствувани и во Либан и Египет.

Јунус Сезер, челникот на АФАД, рече дека потрагата и спасувањето е завршено во речиси 21.000 згради, додавајќи дека службите сега се фокусирани на расчистување на урнатините.

„Над 230.000 луѓе во моментов работат на терен“, рече Сезер.

Надлежните тимови поставија речиси 335.400 шатори во зоната на земјотресот испратени од министерствата и надлежните институции, како и други земји и меѓународни организации.

Четири мобилни центри за социјална помош се ангажирани во напорите за психолошка поддршка поради катастрофата во Кахраманмараш, Хатај, Османије и Малатија.

Скоро 912.000 луѓе добија психосоцијална поддршка, од кои околу 615.000 во погоденото подрачје и 297.000 надвор од него.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битиќи во Брисел на скрининг состаноци и на средби со претставници на ЕК и ЦЕФТА

Следно

Изречени казни за 194 возачи во општина Ѓорче Петров и Сарај

Latest from Blog

Проданоски: Празнична атмосфера и европски дух на плоштадот во Прилеп

На плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ во Прилеп денеска се одржа германски Божиќен базар, кој во празнична атмосфера обедини ученици, наставници, граѓани и гости од повеќе општини низ државата. Настанот беше исполнет

Министерството за спорт со нов проект: целосно обновен спортскиот центар „Блок 70“ во Тетово

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, денеска официјално го пуштија во употреба реконструираниот спортски центар „Блок 70“, кој претставува современо уреден простор наменет за спорт,

ЖИВЕЕ НА КРУЗЕРИ ВЕЌЕ 13 ГОДИНИ, НО ЕДНА РАБОТА НЕ И Е ДОЗВОЛЕНА

Креаторката на содржини открила дека веќе 13 години живее луксузен живот без кирија, патувајќи низ светот на крузери. Кристин Стритс-Кестел, 44-годишна жена од САД, решила да го напушти класичниот „копнен“ начин на

Арсенал не треба да се плаши од Халанд, туку од друг играч на Сити

Фото: x.com/ManCity Борбата за титулата во англиската Премиер лига станува сè поожестока. Иако Арсенал во саботата со драматична победа против Вулверхемптон (2:1) ја задржа лидерската позиција, главните конкуренти не попуштаат. Манчестер Сити
Go toTop