Туристичките и историските знаменитости на Истанбул снимени со дрон по снежните врнежи

February 21, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Откако снежни врнежи ја зафатија турската метропола Истанбул, туристичките знаменитости облечени во бело му дадоа посебен шарм на градот, снимени со дронови од воздух, јавува Анадолу.

Снежните врнежи го покрија градот на Босфор и едни од најпосетените туристички дестинации, џамиите Аја Софија и Султан Ахмет, давајќи му на подрачјето уште поспектакуларен поглед.

Снегот им даде посебна убавина и на историските споменици во Истанбул, како што се кулата Галата, населбата Еминону и други туристички места.

Снежните врнежи во Истанбул почнаа во средата. Доаѓајќи од регионот на Црното Море, се очекува студениот фронт значително да влијае врз патувањата и секојдневните активности најмалку во следните четири дена.

Метеоролозите предвидуваат дека температурите во Истанбул ќе се движат меѓу 0 и 2 Целзиусови степени, а најниските ќе се спуштат од минус 1 до минус 2 степени.

Локалните власти издадоа предупредувања за нарушувања во сообраќајот поради интензивирањето на невремето. Аеродромот „Истанбул“, најфреквентен во Туркије, најави намалување на бројот на летови поради влошените временски услови, со намалување на летовите за 15 отсто на 19 февруари и намалување за 20 отсто за вчера и денес (21 февруари).

„Туркиш ерлајнс“ (THY) откажа приближно 200 летови закажани за денес, чие реализирање зависи од моментните временски услови. Снежните врнежи резултираа и со значителен сообраќаен метеж, при што нивоата на сообраќај достигнаа 83 отсто. Сообраќањето на некои фериботи е прекинато поради невремето.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: СДС стана најголем анти – трампистички лидер во регионот, дали отстапија од курсот на државата утврден уште во 90-тите

Следно

Мицкоски: Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жива историја, длабока емоција и идентитет

Latest from Blog

Николоски: Од Радовиш преку Струмица до Ново Село ќе се гради експресен пат

Ќе се гради експресен пат од Радовиш, преку Струмица, до Ново Село и границата со Бугарија, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според него, веќе е започната постапката за избор

Се откажуваат летови, концерти и натпревари- силно невреме пустоши низ источниот брег на САД (ВИДЕО)

Летови, фудбалски натпревари и големи концерти се откажани, бидејќи милиони жители се подготвуваат за уште потешки временски услови во текот на викендот. Бурата ги погодува Њујорк, Њу Џерси, Масачусетс, Конектикат и Род

Меџити: Одлуките секогаш ги носевме заедно, така ќе продолжиме

Ко-претседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека одлуките во досегашното политичко дејствување ги носел заедно со своите соработници и поддржувачи, истакнувајќи дека заеднички стоеле зад принципите и
Go toTop