Турчинот Умут ја напушти работата и со велосипед тргна на пат околу светот

June 3, 2024
3 mins read

КАБУЛ (АА) – БИЛАЛ ЃУЛЕР –

Турскиот авантурист Умут Балкиш реши да го пропатува светот со велосипед со желба да запознае други луѓе, земји и култури, а моментално се наоѓа во далечниот Авганистан, пишува Анадолу.

Овој Турчин дал отказ пред девет месеци и тргнал на пат околу светот, патувајќи од земја до земја.

Тој зад себе ги оставил семејството и пријателите и со својот велосипед се впуштил во авантура полна со предизвици, а моментално патува низ суровите предели на Авганистан.

Неговата наредна цел му се африканските земји каде, како што вели, кампувајќи во природа, би запознал нови луѓе и култури.

Овој 34-годишен авантурист, кој инаку работи како диџеј, реши да го пропатува светот со велосипед по неколку животни пресвртници како што се разорните земјотреси во турски Кахраманмараш минатата година, раскинувањето со својата девојка, смртта на неговото куче и заситеноста од работата со којашто се занимава.

– Времето брзо минува –

Во разговор за Анадолу, тој истакна дека токму овие случувања му покажале дека времето брзо минува и почнал да ја преиспитува смислата на животот.

Најпрвин набавил квалитетен и издржлив велосипед, опрема за кампување, и на 7 септември 2023 година тргнал на пат околу светот од турска Мугла.

Истакнува дека е воодушевен од искуството во земјите што досега ги посетил.

На пат е веќе девет месеци, а досега ги посетил Ирак, Иран и Пакистан, а потоа планирал преку Индија да стигне до Тајланд, но индиската Амбасада во Исламабад не му дала виза, па се упатил кон Авганистан.

Тој пристигна во Авганистан минатата недела, а во наредните денови планира да замине за Таџикистан.

Истакнува дека патувањето го планира според условите во текот на денот, леснотијата на минувањето на границата и времетраењето на визата.

– Престојува и во домовите на гостопримливи луѓе –

Досега целата оваа рута ја минувал на велосипед, а најчесто одмора кампувајќи покрај вода, а во градовите најчесто престојува во домовите на гостопримливи луѓе.

Напоменува дека возењето велосипед го прави силен и дека досега не се има разболено.

Дневно поминува по околу 100 до 120 километри во подрачјата каде патиштата се рамни и 50 до 60 километри во областите каде патиштата се ридски, а најтешкиот дел од патувањето е дивечот на кој наидува додека кампува.

На велосипедот секогаш има кујнски прибор и алат за поправка, а како што рече, досега гума му пукнала 30-40 пати.

Фотографии и видеа од патувањето споделува на социјалните мрежи под називот „Umut bi lijate“ (Умут е некаде).

– Патува со куче –

Во Шираз, Иран, пронашол повредено куче кое потоа го лекувал и го зел со себе, го нарекол „Дел“, што на персиски значи „срце“. Оттогаш тој патува заедно со Дел.

„Една од најдобрите работи што ми ги даде ова куче е тоа што ниту еден оброк не јадам сам. Разговарам со него и тој ме разбира. Тој ми е еден вид аларм ноќе и ме чува“, рече Балкиш.

Истакнува дека ќе биде на пат уште долго, дека оваа авантура би можела да потрае со години, како и дека не знае кога ќе се врати во Туркије.

„Обично кампувам во природа на места каде што има малку луѓе. Исто така, многу сум задоволен од гостопримството на луѓето што ги среќавам за време на моите патувања. Не чувствувам никаков страв, но во опасните подрачја обично останувам во близина на полициски станици или на некои други официјални места. Мило ми е што имам можност да запознаам други култури, а можеби подоцна ќе напишам и книга“, рече тој.

Додаде дека и покрај предизвиците и повремените потешкотии, ужива во долгото патување со велосипед.

„Бидејќи се работи за немоторно возило, можам мирно да патувам низ природата. Можам да ги преминувам границите без никакви процедури и документи. Ова е навистина голема погодност. Дневно возам велосипед околу седум до осум часа, што е одлично за менталното здравје“, рече Балкиш.

– Предрасуди во странските медиуми –

Тој нагласи дека во меѓународните медиуми обично има негативни вести за земјите кои досега ги посетил, како и предрасуди, истакнувајќи дека тој лично за време на неговото досегашно патување не почувствувал никаква безбедносна закана или опасност.

„Четирите земји што ги посетив досега, Ирак, Иран, Пакистан и Авганистан, се покажаа многу подобри отколку што очекував. Луѓето во овие земји се многу гостопримливи и многу пријателски расположени. Во исто време, ова не се толку опасни места како што им изгледаат на некои. Овде има многу места за посета и мислам дека овие земји се прилично неистражени“, рече овој авантурист.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УНРВА: Израелската агресија принуди повеќе од 1 милион Палестинци да побегнат од Рафа

Следно

Пратеникот Џафери ќе го контролира премиерот Џафери?

Latest from Blog

Тасев: Ахмети се заканува и ги испомеша орлите со лавовите, а всушност треба да го прифати изборниот пораз

Али Ахмети повторно се обидува да се заканува. На неделниот когрес ги извади истите, одамна потрошени трикови. Со говор полн со закани, митологија и самовеличење се обиде да нe убеди дека сe

Авторот на „Кол оф дјути“, Винс Зампела загина во сообраќајка

Несреќата се случи на автопатот Анџелес Крест во Јужна Калифорнија (САД), откако Зампела ја изгубил контролата врз своето „Ферари“, пишува „Ен-би-си Лос Анџелес“ (NBC Los Angeles). Според извештајот на Калифорниската полиција несреќата

Transmission – Концерт со Васил Хаџиманов и Александар Петров

Transmission е музички концепт во кој тапанот ги спојува традицијата и денешницата, акустичната и електронската музика.  20 години од музичката симбиоза и пријателство (по Кавадаречка линија), Александар Петров заедно со Васил Хадџиманов

Амазон блокира илјадници пријави за работа сомневајќи се дека апликантите се севернокорејски агенти

Главниот директор за безбедност на Амазон, Стивен Шмит изјави дека државјани на Северна Кореја се обиделе да аплицираат за ИТ работни места од далечина користејќи се со украдени или лажни идентитети. –

Ханси Флик и Левандовски на средба!

Раководството на Барселона влегува во деликатна, но важна фаза на планирање за иднината, а една од најчувствителните теми се однесува на судбината на една од најискусните личности во клубот. Според информациите од
Go toTop