Турчин од Кајсери ги лечи љубовните маки со носталгичен стил на облекување

June 22, 2024
1 min read

КАЈСЕРИ (АА) – ТУНАХАН АКЃУН –

Турчинот Али Мемил од Кајсери го привлекува вниманието на јавноста со својот стил на облекување од 1970-тите години на минатиот век, а во разговор за Анадолу призна дека зад неговиот уникатен имиџ се крие обид со носталгија да ги излечи љубовните маки што ги има поради невозвратена љубов, јавува Анадолу.

Мемил работи во индустријата за мебел, а последните шест години поради невозвратена љубов слуша само тажна музика, носи носталгична облека слична на онаа што се носеше пред половина век.

Откако не успеал со жената во која се заљубил, Мемил престанал да размислува за женидба, а оттогаш го привлекува вниманието со фризурата, мустаќите и облеката каква што некогаш носеле познатите турски музичари Ферди Тајфур и Орхан Генцебај.

Во разговор за Анадолу, Мемил рече дека сака носталгија и дека во секој поглед живее според обичаите карактеристични за минатото.

Тој смета дека чистата љубов била почеста во минатото.

„Мојата приказна всушност се заснова на љубовна приказна. Имаше една жена која влезе во мојот живот и која многу ја засакав. Бев подготвен да ѝ дадам сѐ, но тоа не беше доволно“, изјави Мемил.

Тој своите панталони, кошули и чевли ги изработува кај шнајдер, а луѓето на улица често го запираат и го замолуваат за фотографирање.

„На луѓето многу им се допаѓа тоа. Немам добиено ниеден лош коментар. Ми велат дека личам на Орхан Генџебај или на Ферди. Ме радува кога слушам убави работи, но овој стил е убав ако го правите затоа што ви се допаѓа тоа, не затоа што некому друг му се допаѓа. Всушност, мојот изглед е заснован на љубовна приказна. Морав да излезам од тоа неповреден. Ми се допаѓа одразот во огледалото, никого не имитирам, си градам свој имиџ”, рече Мемил.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во два израелски напади врз градот Газа загинаа најмалку 41 Палестинец

Следно

Гужва на Богородица, Дојран, Меџитлија и Табановце

Latest from Blog

Видео: Разорен земјотрес во Колумбија: Се зголемува бројот на загинати, 20 згради урнати во еден град(Обновено)

Американскиот геолошки институт (USGS) го регистрираше земјотресот во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри. Според првичните

Во Македонија 13 случаи на Западнонилска треска

Од почетокот на сезоната на комарци, повеќе од 240 случаи на инфекција со Западнонилскиот вирус се регистрирани во седум европски земји, а според податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на

Шок за Ханси Флик: Ѕвездата на Барса потешко се повреди, го чека долга пауза

ФОТО: FC Barselona/FB Шок за Ханси Флик на утринскиот тренинг. Фудбалерите на Барселона целосно се подготвуваат за почетокот на новата сезона, а утрово одработија нов тренинг во својот тренинг центар, но заврши

Видео: Разорен земјотрес во Колумбија: Најмалку 20 загинати, 20 згради урнати во еден град

Американскиот геолошки институт (USGS) го регистрираше земјотресот во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри. Според првичните
Go toTop