ЦУК: Вчера 10 пожари на отворено, сите се изгаснати

October 25, 2023
1 min read

реклама


Во текот на вчерашниот ден, противпожарните тимови интервенирале на 10 пожари на отворен простор и сите се изгаснати, соопшти ЦУК.

При вчерашните  10 пожари, гореле сува трева, ниска вегетација, деградирана, а и мешана и борова шума, лозја, овоштарници, капини, депонии, отпадоци.

реклама

Регионалниот ЦУК – Скопје, информира дека пожарникарите од БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие ги бележат следните интервенции: во период од 10:30 до 13:35 часот, гаснеле запалено ѓубриште кај Спортската сала – Борис Трајковски. во гаснењето на пожарот интервенирале со 2 ПП возила и 5 пожарникари. Зафатена била површина од 1.500 м2, (Општина Карпош). Во период од 13:50 до 15:00 часот гаснеле запален сува трева покрај ул. „Бел Камен“, при што во гаснењето на пожарот интервенирале со 1 ПП возило и 4 пожарникари. Зафатена била површина од 4.000 м2, (Општина Бутел), Во период од 21:22 до 22:55 часот, на ул. „Иван Манолев“, гаснеле запален двор – запалена барака и шупа, а во гаснењето на пожарот интервенирале со 4 ПП возила и 12 пожарникари. (Општина Бутел).

Регионалниот ЦУК Битола, информира дека, пожарникарите од ТППЕ Битола во период од 16:45 до 18:00 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај с.Долно Српци. (Општина Битола); ТППЕ Демир Хисар интервенирале во период од 14:30 до 15:35 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на ниска вегетација во атар на с.Обединик (Општина Демир Хисар); ТППЕ Прилеп интервенирале од 16:25 до 17:10  часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација меѓу касарните и Дата центар ( кај депонијата во Прилеп) (Општина Прилеп)

реклама

Регионалниот ЦУК Штип, ја пренесува информацијата од ТППЕ Берово, во која се наведува дека во период од 15:15 до 17:15 часот интервенирале на запалена ниска вегетација во близина на викенд населбата „Суви Лаки“. Во гасењето на пожарот интервенирале со 1 ПП возило и 2 пожарникари и се вклучиле и месно население како и 2 лица од гранична полиција. Имале и мала интервенција во бизина на истата локација (Општина Берово)

Регионалниот ЦУК Куманово, ја пренесува информацијата од ТППЕ Куманово, во која се навеува дека во период од 13:10 до 16:05 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и појаси од багреми во населбата „Долно Којнари“. (Општина Куманово) и ТППЕ Крива Паланка бележеле една помала интервенција (Општина Крива Паланка).

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел го одби барањето на УНРВА за влез на гориво во Газа

Следно

Белата куќа: Горивото треба да се достави во Појасот Газа

Latest from Blog

Проданоски и Андоновски на настан за дигитална безбедност во Прилеп

Прилеп денеска беше одбележан Меѓународниот ден на побезбеден интернет – 11 февруари, со настан што се одржа во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, во присуство на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски,

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Венко не само што се инволвирани во трговијата со дрога, очигледно претерано ја конзумираат

Ако подетално се погледнат прес-конференциите и заклучоците на СДС, ќе се дојде до сознание дека не само што нивни структури се поврзани со трговијата на марихуана туку се активни конзументи на истата,

Стратешкото партнерство со САД е двигател за енергетскиот развој, вели Божиновска

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на
Go toTop