ЦУК: Евроамбасадорот Гир и Ангелов утрово беа кај пилотите и директно на писта се запознаа со противпожарните активности

August 3, 2024
1 min read

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска учествуваше на редовниот утрински брифинг на националните и странските воздухопловни тимови и директно на писта од воениот дел од аеродромот се запозна со противпожарните активности, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).  

-Евроамбасадорот Гир и директорот на ЦУК Стојанче Ангелов од посадите на хеликоптерите и авионите пристигнати преку Механизмот на ЕУ за цивилна заштита беа запознаени со перформансите и учинокот и имаа можност да ги видат леталата пред да започнат со нивните цели предвидени за денес, соопшти ЦУК.

Сите домашни и странски сили, и по земја и од воздух, како што се вели во соопштението, согласно оптималните услови на техниката и ситуацијата на терен, храбро и одлучно се борат да ги угаснат пожарите што земаа замав во нашата држава.

-Директорот Ангелов се заблагодари на евроамбасадорот Гир за поддршката од ЕУ Механизмот за цивилна заштита и неговото лично присуство и поддршка на здружените напори на националните и меѓународните сили  за одбрана од разбеснетата огнена стихија. Потоа Ангелов ги посети пилотите на авионите на ДЗС, посочуваат од ЦУК.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вашингтон испраќа воени бродови и „ловци“ на Блискиот Исток

Следно

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ЌЕ ПРЕСМЕТУВА ДАЛИ Е ПОИСПЛАТЛИВО ДРАМСКИОТ ТЕАТАР ДА СЕ РЕНОВИРА ИЛИ ДА СЕ ИЗГРАДИ НОВ

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop