Црногорец и Холанѓанец барани од Интерпол уапсени во Туркије

May 23, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турската полиција уапси двајца странски државјани барани од Интерпол, изјави денес турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, јавува Анадолу.

Сеад Дедеиќ, црногорски државјанин, баран со црвена потерница на Интерпол, и Марчијано Јуџин Руимвијк, холандски државјанин, баран со потерница за итно апсење од Интерпол се уапсени во Истанбул, соопшти министерот Јерликаја преку платформата Х.

„Тие се барани по различни точки, меѓу кои и за трговија со дрога“, истакна турскиот министер.

Министер за внатрешни работи Јерликаја истакна дека нема да им дадат простор за дејствување на домашните и странските организации за организиран криминал, трговците со дрога и бандите што го нарушуваат мирот на граѓаните на Туркије.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гравина: Аталанта е гордоста на Италија

Следно

Фидан: „ЕУ и Туркије разговараат за соработката за нерегуларна миграција“

Latest from Blog

Проданоски: Поддршката за лицата со Даунов синдром е наша заедничка обврска

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака за поддршка до сите лица кои живеат со Даунов синдром, нагласувајќи дека секој човек носи своја вредност, своја приказна и има свое место во заедницата.

Абас Арагчи: Иран е подготвен да сослуша и да разгледа иницијативи за крај на војната

Арагчи за јапонската новинска агенција Кјодо изјави дека Иран е „подготвен да ги сослуша и разгледа таквите предлози“, пренесе Би-Би-Си. Иако некои земји бараат решение за конфликтот на Блискиот Исток, иранскиот министер

Хоџа најави јавна расправа за новиот Закон за заштита на природата

Светскиот ден на шумите, Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, ја информира јавноста дека во текот на наредниот месец започнува јавната расправа за новиот Закон за заштита на природата.

Животниот век во Македонија е за пет години пократок од ЕУ

Разликата во квалитетот на животот меѓу Македонија и Европската унија сè појасно се отсликува преку еден од најважните показатели – очекуваниот животен век. Најновите податоци покажуваат дека граѓаните во земјава живеат речиси
Go toTop