Ципрас бара оставка од Мицотакис

1 min read

По средбата со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, лидерот на опозициската партија СИРИЗА, Алексис Ципрас, побарал оставка од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кого го нарекол „премиер на прислушувањата“, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Ципрас рекол дека се сретнал со Сакеларопулу за да ја изрази неговата загриженост за „прекршувањето на владеењето на правото“, а во изјавата за медиумите по средбата посочил дека „податоците од Службата за заштита на приватност на комуникациите (АДАЕ) потврдуваат дека Националната служба за разузнавање која е во одговорност на премиерот под изговор дека станува збор за национална безбедност ја прекршила приватноста на комуникациите и прислушувал разговори на политичари, припадници на војската, новинари, раководството на вооружените сили“.

Паралелно истакнал, според АНА-МПА, дека „премиерот на прислушувањето мора да преземе одговорност и да поднесе оставка“.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Д-р Митрев до претседателот на ЗНМ: Зошто не смеам да ја кажам својата страна и зошто секој новинар што разговара со мене треба да биде ставен на јавен линч?

Следно

Јуве ќе биде во тесно: Влаховиќ го сакаат во Арсенал, но и во великанот од Примера?!

Latest from Blog