Цеца со изјава за инцидентот во Велес: „Не знаев дека не се сакаат толку многу – жал ми е ако повредив нечии чувства“

November 6, 2025
1 min read

За време на настапот, една нејзина бугарска обожавателка од публиката ѝ подаде бугарско знаме, па пејачката го зеде и се покри со него.

Овој гест предизвика измешани реакции. Дел од публиката беше изненаден. Во некои медиуми се појави информација дека Цеца морала да ја напушти сцената поради незадоволството на публиката, но набрзо се вратила и го продолжила концертот.

Можеби ќе ве интересираЦеца збесна на новинарите, кои ја прашаа за срамното прегрнување на бугарското знаме во Велес (ВИДЕО)

Сепак, некои медиуми во Србија отидоа и чекор понатаму, тврдејќи дека пејачката била „исфрлена од концертот“.

Цеца револтирана од ваквите гласини, реагираше при пристигнувањето на едно музичко шоу.

Кога српските новинари ја замолија да ги искоментира случувањата во Велес, таа одговори:

„Дали сте новинари? Зошто не истражувавте“, луто одговори, а потоа додаде:

„Се ширеа лаги дека мојот концерт бил прекинат и дека ме натерале да се симнам од сцената! Дали е тоа вистина? Пеев повеќе од два и пол часа… Мислам, чест на исклучоците, а има и такви што шират такви глупости“, рече пејачката.

За ситуацијата со бугарското знаме, кратко коментираше:

„Да, таа ситуација се случи, веќе дадов изјава на таа тема и беше решена. Има и полоши афери за кои не ги вознемиривте моите колеги. Пеам 40 години. Никогаш во животот не сум имала провокативна изјава и ништо друго“ – заклучи Цеца.

@ceca_press CECA o bugarskoj zastavi 🇧🇬koju je dobila na poklon od fanova u Velesu! 🇲🇰 #Ceca #Veles #Makedonija #Bugarska ♬ original sound – CecaPress

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Американската компанија „ExxonMobil“, заедно со „Energean“ и „HELLENiQ ENERGY“ ќе истражуваат јаглеводороди во Јонското Mоре

Следно

Ѓорѓиевски го презеде мандатот: „Скопје го менуваме од корен“

Latest from Blog

Стриминг сервисот FilmBox+ сега е достапен за корисниците на македонскиот пазар, преку партнерството меѓу SPI International и A1 Македонија

FilmBox+, стриминг сервисот на SPI International, сега е достапен за корисниците во Македонија во партнерство со A1. Преку оваа соработка, A1 Македонија дополнително ја збогатува својата понуда на содржини и овозможува пристап

Мицкоски: Очекувам обвинителството да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор и бонусите во СЈО

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски говореше за очекувањата од работата на новиот Јавен обвинител. -Очекувањата од новиот јавен обвинител се големи, во смисла

Резаи: Ракетите ќе преговараат со Трамп

„Секој разговор со ѓаволот е стратешка грешка. Ракетите нека преговараат со американскиот претседател Доналд Трамп“, напиша Резаи на социјалната мрежа „Икс“. Тој ги повика САД да признаат пораз во конфликтот со Иран.
Go toTop