ЦЕЦА СО ГОЛЕМ КОНЦЕРТ ПРЕД 50.000 ПУБЛИКА ВО КРИВА ПАЛАНКА, дојдоа од цела Македонија но, и од комшиите

August 30, 2025
1 min read

Повеќе од 50.000 луѓе синоќа го преполнија Градскиот стадион во Крива Паланка за да ја видат балканската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ. Настапот беше дел од општинската манифестација, а интересот далеку ги надмина очекувањата – организаторите првично предвидоа околу 30.000 посетители.

Покрај Цеца, на сцената се појавија и Дејан Петровиќ со Биг Бенд, Мики Секуловски, Никола Станишиќ и Диџеј Галоски. Иако беше најавен, Мирза Селимовиќ го откажа настапот поради здравствени проблеми.

Градоначалникот Сашко Митовски утрово упати јавна благодарност до вработените во ЈП „Комуналец“, кои за неколку часа го исчистија просторот, оставајќи впечаток дека таму и не се собрале десетици илјади луѓе.

Фестивалот продолжува и вечерва, кога главна музичка атракција ќе биде Саша Ковачевиќ.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Камионџиите од Босна и Херцеговина ќе ги блокираат граничните премини од 1 септември

Следно

Мисајловски од Брвеница: Кога зад тебе стојат резултати – довербата е заслужена!

Latest from Blog

Средношколците влегуваат во светот на бизнисот: започна „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ со парична награда за старт-ап бизнис

Со учениците од СУГС „Никола Карев“ Скопје денеска започна националниот проект и хакатон-серијал „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ образовна иницијатива што ги поврзува средните училишта со реалниот бизнис-сектор и им овозможува уште во

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија

Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран
Go toTop