Цементарница УСЈЕ: Емисиите постојано се под граничните вредности определени со закон

January 13, 2023
1 min read

Емисиите од работата на Цементарница УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон. Од 2007 година, емисиите на Цементарница УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите, соопштија од Цементарница УСЈЕ.

Додаваат дека производството запира доколку филтрите не работат и оти технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите.

– Цементарница УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на ПM10 честички во воздухот
Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (ПM10 честички) во кругот на Цементарница УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата. Работењето на компанијата постојано е следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина, наведуваат од УСЈЕ.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Ова е прва година кога министерството за култура обезбеди дури нула денари за одржување на Вевчанскиот карневал

Следно

Ал Хилал го потврди интересот за Меси

Latest from Blog

Комуналец – Прилеп: Пролетната магија на јапонските цреши му дава посебен шарм на градот

Прилеп деновиве блеска во пролетна убавина, а посебен белег на градот му даваат расцветаните јапонски цреши, кои со својата нежна розова боја создаваат вистинска природна идилија. Овие дрвја се засадени во чест

Осуммина загинати во пад на приватен хеликоптер на Борнео веднаш по полетувањето

Ербасот X130, управуван од PT Matthew Air Nusantara, изгуби контакт со контролата на летање само пет минути по полетувањето од округот Мелаваи во покраината Западен Калимантан во понеделник, додека беше на пат

Гори дива депонија во Арачиново – Граѓаните се жалат дека пече на грло и на нос, се загадува цело Скопје

Загрижени граѓани испратија видео до редакцијата на Инфомакс. На видеото се гледа густ чад како се крева над општина Арачиново и полека се движи низ градот. Според граѓаните чадот потекнува од депонија
Go toTop