Целовечерен концерт на „Камерата Академика“ на „Охридско лето“

August 1, 2023
1 min read

Камерниот ансамбл „Камерата Академика” од Словенија вечерва ќе има целовечерен концерт на музичката програма од фестивалот „Охридско лето“.
Во катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот ќе настапат флејтистката Каролина Шантл-Жупан, обоистот Матеј Шарц, кларинетистот Јоже Котар, Зоран Митев на фагот, Јоже Рошер на хорна и саксофонистот Миха Рогина. Составот во кој ќе се претстават на „Охридско лето“, секстет сочинет од флејта, обоа, кларинет, фагот, хорна и саксофон е особено интересен поради тонската различност на инструментите која овозможува богато темброво нијансирање и отвора можности за интензивно музицирање.
Ансамблот, вечерва ќе има светска праизведба на композицијата „ Со маки сум се родил – варијации за дувачки секстет на народната песна “ од Сашо Ливрински, дело напишано за настапот на „Камерата Академика“ на „Охридско лето“. Покрај тоа, на репертоарот се дела од Б. Хеиден, Л. Јаначек, М. Ејшен и С. Кравос.
„Камерата Академика” го сочинуваат словенечки музичари, професори на Музичката Академија во Љубљана, а воедно и солисти на оркестарот на Словенечката филхармонија. Создаден во 2020 година со желба да се промовира класата на дрвени дувачи на Музичката академија, составот е од променлив карактер во зависност од програмските определби и потреби на репертоарот.
На концертите покрај дела напишани за составот, „Камерата Академика“ изведуваат и транскрипции на дела кои оригинално се напишани за друг тип дувачки состави или пак транскрипции на дела за гудачки состави. Тоа овозможува репертоарот на ансамблот да биде исклучително широк, со дела од рани мајстори, па сѐ до композиции од современата литература. Настапите на составот се восхитувачки токму заради разновидноста на програмата како и и поради техничките и виртуозни квалитети на уметниците.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Светлечкиот знак „Х“ отстранет од поранешното седиште на Твитер по жалби

Следно

Бајден бил на спикерфон за време на бизнис разговорите на Хантер

Latest from Blog

Божиновска: Македонските енергетски приоритети ги претставуваме пред светските лидери

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на Лидерскиот самит во рамките на COP31 во Анталија, Турција, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Според Божиновска,

ВЛЕН: Али Ахмети да поднесе оставка, документите ја откриваат соработката на ДУИ со српските центри на моќ

Коалицијата ВЛЕН побара оставка од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, обвинувајќи ја неговата партија за долгогодишна политичка и деловна соработка со структури поврзани со Србија. Од ВЛЕН тврдат дека документи покажуваат оти

Проданоски: Во Прилеп го одбележавме Денот на примирјето од Првата светска војна

На германските воени гробишта во Прилеп беше одбележан Денот на примирјето и им беше оддадена почит на жртвите од Првата светска војна. Градоначалникот Дејан Проданоски присуствуваше на покана на германската амбасадорка Петра

Коњановски: Паметна мобилност, сајбер-безбедност и водоснабдување на меѓународната конференција во Израел

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и секретарот на Општината, Борче Димитровски, учествуваат на 35. Меѓународна конференција на градоначалници во Тел Авив, Израел. Конференцијата е посветена на темата „Оспособување на градовите на иднината“,

Тоневски: Љубопитноста на најмладите е поттик за подобар Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“ ја посетија Општина Пробиштип, каде што се запознаа со работата на градоначалникот, функционирањето на општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Градоначалникот Тони Тоневски
Go toTop