Царовска, јави се: Светско истражување покажа дека „паметните“ уреди ги оглупавеле децата

November 14, 2024
1 min read

Паметните уреди ги оглупавеа децата, покажа најновото истражување на ОЕЦД.

Извештајот покажа дека поголемиот дел од образовните технологии (EdTech) не ги испорачале ветуваните академски придобивки. И Шведска ги потсети учениците дека постојат и хартиени книги а и стари вештини како што е фаќање белешки. Глобалните резултати од тестовите по математика, природни науки и читање опаѓаат. Овие трендови беа влошени од ковид пандемијата, но започнаа во раните 2010-ти, токму кога дигиталните уреди почнаа масовно да доаѓаат во ученички раце.

Џаред Куни Хорват оди чекор понатаму, па заклучува дека EdTech револуцијата целосно пропаднала и објаснува зошто многу училишта во Европа и Југоисточна Азија се враќаат кон традиционалните методи.

Лани во мај, надлежната министерка објави дека шведските училници ќе олабават со дигиталната технологија и ќе се свртат кон традиционални практики како што се читање аналогни книги и рачно фаќање белешки. На апостолите на дигитализацијата не им се веруваше дека вака напредна држава се решава на таков чекор.

Кога користат компјутер за домашна работа, учениците обично се посветуваат на задачата помалку од 6 минути пред да тркнат до социјалните медиуми, да испраќаат пораки со пријателите или нешто друго дигитално да ги одвлече на друга страна. А кога користат лаптоп за време на часовите, обично поминуваат 38 минути од секој час надвор од задачата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МОН: Унапредена е Концепцијата за основно образование, согласно сугестиите на наставниците и стручната јавност

Следно

Кој е човекот врз кого беше фрлена бомба во Ќерамидница

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop