Трулиот судски систем носи жртви, затоа бараме реформи кои СДС ги кочи

February 2, 2025
1 min read

Трулиот судски систем носи жртви, затоа бараме реформи кои СДС ги кочи. Смртта на Фросина можеше да биде избегната, ако трулиот правосуден систем го ставил возачот кој ја усмрти зад решетки за дело кое претходно го сторил, наместо во поправен дом, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Возачот кој ја усмртил младата Фросина Кулакова претходно бил осуден за кривично дело трговија со дрога, но судот, наместо да досуди казна затвор, досудил истиот казната да ја помине во поправен дом. Истиот, не бил малолетен кога бил осуден, и според тоа не можел по ниеден основ да оди во поправен дом, туку морал да одлежи казна затвор.

Тоа што наместо во затвор, тој бил упатен во поправен дом, резултираше со трагичната сообраќајка чиј причинител е.
Овој случај како и многу други до сега, покажува зошто се потребни реформи во судството. Одговорност мора да има на сите нивоа.

Воедно го повикуваме ЈО и судот во овој случај да постапуваат со максимална посветеност, будност и внимание. Граѓаните, а и ВМРО-ДПМНЕ очекува возачот до добие најстрога казна, стои во партиското соопштение.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Астон Вила покрај Рашфорд го купува и Марко Асенсио

Следно

Филипче: Листите на чекање растат, а лекови нема

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска по разговорите со ММФ: Следуваат нови економски чекори

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари конструктивен состанок со извршниот директор во Меѓународен монетарен фонд, Јерон Клик, на кој се разговарало за актуелните економски состојби и предизвиците со кои се соочува земјата.

Средношколците влегуваат во светот на бизнисот: започна „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ со парична награда за старт-ап бизнис

Со учениците од СУГС „Никола Карев“ Скопје денеска започна националниот проект и хакатон-серијал „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ образовна иницијатива што ги поврзува средните училишта со реалниот бизнис-сектор и им овозможува уште во

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија

Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран
Go toTop