Филипче: Листите на чекање растат, а лекови нема

February 2, 2025
1 min read

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа остро ја критикуваше актуелната состојба во здравствениот сектор, обвинувајќи ја Владата за неодговорно водење на здравствените политики.

„Здравствените политики се водат на крајно неодговорен начин. Постојат многу проблеми во системот. Колегите постојано укажуваат на тоа дека здравствениот систем не функционира како што треба“, изјави Филипче.

Тој истакна дека на чело на многу клиники се поставени директори кои немаат соодветно искуство, што дополнително го влошува функционирањето на системот.

„Директорите на клиниките често немаат никакво искуство во раководењето, ниту се стручни за позицијата. Има случаи кога директори, кои не работат на хируршки клиники и не извршуваат операции, се поставени на водечките функции, а исто така, има и такви кои се пишуваат за дополнителни дежурства, без да присуствуваат на истите“, изјави Филипче.

Тој предупреди дека хаосот во здравствениот сектор најмногу ги погодува пациентите, кои се соочуваат со долгите листи на чекање и недостигот на лекови.

„Листите на чекање се огромни, а нема лекови. Ова укажува на тотална незаинтересираност од страна на менаџментот и Министерството за здравство во управувањето со клиниките. Реверсниот систем, кој беше многу критикуван, всушност обезбедуваше лекови за пациентите“, нагласи Филипче, истакнувајќи дека последиците од нефункционирањето на системот се трагични.

„Цената која ја плаќаат пациентите се човечки животи, кои не можат да ја добијат потребната терапија навремено“, предупреди Филипче.

СДСМ бара од Владата и Министерството за здравство итна реакција за заштита на пациентите и спречување на поголеми штети во здравствениот систем.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Трулиот судски систем носи жртви, затоа бараме реформи кои СДС ги кочи

Следно

И болничките кујни под лупа на инспекторите на АХВ – уништени 110 килограми небезбедна храна!

Latest from Blog

ОН: Бродовите веќе поминуваат низ Ормутскиот теснец по планот за евакуација на 11.000 поморци

„Бродовите веќе почнаа да минуваат според планот“, изјави портпарол на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO), но одби да даде детали за бродовите што поминале низ теснецот. Најмалку два носачи на товар

Собранието не ја поддржа интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица. По завршувањето на расправата, од вкупно 77 пратеници што гласаа, 58 беа против, а 19

Турците побараа да се повтори натпреварот против Парагвај – причината е комична!

Фото: https://www.tff.org/ По два натпревари, Турција, сосема изненадувачки, се збогува со Светското првенство. Неочекуваните порази од Австралија (2:0) и Парагвај (1:0) и покрај доминацијата, предизвикаа бунт во оваа земја и се бараат

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете
Go toTop