Трошоците на живот во февруари зголемени за 5 проценти – цените на мало за 4,2 проценти на годишно ниво

March 7, 2025
1 min read

Државниот завод за статистика денеска излезе со податоци според кој инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во февруари во однос на јануари годинава, изнесува 0,5 проценти.

Како што велат, индексот на трошоците на животот во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, бележи зголемување од 5 проценти, а индексот на цените на мало зголемување од 4,2 проценти.

Според ДЗС, зголемувањето на инфлацијата во февруари во однос на јануари годинава е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 1,4 проценти, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,8 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата и Ресторани и хотели за 0,6 проценти, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,5 проценти, Здравје за 0.2 проценти и Комуникации за 0,1 процент.

Во февруари 2025 година, во однос на јануари 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: Транспорт за 3 проценти, Облека и обувки за 0,3 проценти, Рекреација и култура и Разновидни стоки и услуги за 0,2 проценти. Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Цените на мало во февруари во однос на јауари годинава се намалени за 0,6 проценти.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Затворање и казни за маркети и увозници поради незаконски високи маржи

Следно

Мицевски: Не може ден да помине, без СДС да ја покаже својата дволичност и конфузност во ставовите и однесувањето

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop