Тројцата повредени во несреќата во Нови Сад, се уште се во критична состојба

November 3, 2024
2 mins read

Два дена по несреќата во Нови Сад, лекарите се борат за животот на тројцата преживеани кои со тешки повреди се сместени на Клиничкиот центар во Војводина. Нивната состојба и натаму е критична и во изминативе 24 часа им биле направени нови операции. На две лица, момче и девојче им се ампутирани нозете додека на една девојка ампутирана и е раката.

Сите тројца се живи, тоа е најважно. За нијанса се подобри но далеку од стабилни. Сите дијагностики се во тек, интервенциите се во тек, се според нашите процедури. Сите се уште се во животна опасност и се во тешка состојба… Сите повредени се на апарати за вештачко дишење..Дијагностиката продолжува секој ден и соодветно, доколку има потреба, ќе има дополнителни интервенции.“ – Весна Туркулов в. д. Директор на клиничкиот центар во војводина.

Откако обвинителството отвори истрага за несреќата во која животот го загубија 14 лица, меѓу кои и 45 годишен Македонец, на распит вчера биле повикани 26 лица. Меѓу нив и министерот за градежништво Горан Весиќ. Истрага на местото на несреќата извршиле и стручни лица од машинскиот факултет кои земале примерок од челикот од арматурата. Во истрагата опфатен е и Заводот за заштита на спомениците откако во јавноста се појавија информации дека не дале одобрение за реконструкција на настрешницата.

Точно е и дека од Заводот за заштита на спомениците не кажаа дека не треба да се прави реконструкција, но тие исто така не препорачаа да се направи. Проектантот очигледно го направил само тоа што го напишале, а тоа го сведоа на две интервенции кои се однесуваат на некои плочи и не се суштински во однос на корозијата на жиците.“ – Ивица Дачиќ министер за надворешни работи на Србија.

Од Заводот за заштита на спомениците на културата негираат дека не издале одобрение и дозвола за поправка на настрешницата, напоменувајќи дека не е во нивна надлежност да даваат мислења и да ги кажуваат условите поврзани со обезбедување на безбедноста на објектот.

А веднаш по пријавата дека се случила голема несреќа во Нови Сад, активирани биле сите служби за спасување. За неполни 2 часа, активирани преку 80 припадници на итните служби од целата земја. Помагале и луѓето кои се затекнале во близина кога се случи несреќата.

Во моите 20 години работа во службата не сум доживеал ваква интервенција. За жал, кога ќе видите еден повреден, тешко ви е, а камоли толку голем број на повредени. Само се надевам дека вакво нешто никогаш повеќе нема да се повтори, дека нема да мораме да присуствуваме на вакви сцени…За време на спасувачката акција дојдовме до едно лице кое даваше знаци на живот и во тој момент ги концентриравме сите сили да дојдеме до него, што и успеавме. По околу два часа работа успеавме да ослободиме уште едно повредено лице.“ – Игор Адам началник на противпожарната единица на Нови Сад.

Во Нови Сад втор ден жалост…Граѓаните палат свеќи на местото на несреќата и бараат одговор за тоа кој е виновен за трагедијата во која загинаа 14 лица.

„Навистина е тешко и тажно. Дојдов да запалам свеќа за починатите.“ – жител на Нови Сад.

„Со часови и денови можеме да зборуваме за причините и последиците зошто сме тука каде што сме.“ – жител на Нови Сад.

„За само една година, изгубивме толку многу луѓе.“

Обновата на станицата се одвиваше во две фази како дел од реконструкцијата на железничката линија за брзи возови. Зградата на главната железница во Нови Сад беше отворена во јули 2024 година по тригодишна реконструкција.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Се помалку дивеч на Шара

Следно

Унгарска компанија вршела надзор на реконструкцијата на железничката во Нови Сад

Latest from Blog

Дијана Оу-Џи во „Ништо лично“: „Сакам да го истетовирам револверот на Владо Черноземски, само не знам каде да му најдам место“ (ВИДЕО)

Јавноста ќе ја запознае како пејачка, која жанровски ги негува новите стилови како рапот, трапот, ар ен би музиката… Остра на јазик, бескомпромисна во своите текстови, полни со гнев, уличен сленг, па

Изгледот на 13-годишната ќерка на Бијонсе предизвика критики: „Треба да го заштити детето“!

 Појавата на тинејџерката предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, од пофалби до критики. Бијонсе објави фотографија со нејзината мајка и ќерка на Инстаграм со опис: „Честитки, мамо, за твојата филантропска награда на

Фото: Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

Американската актерка посети медицински установи, вклучувајќи породилиште и детска болница во градот кој беше окупиран од Русија неколку месеци во 2022 година, пренесоа локалните медиуми. Локалниот функционер, Виталиј Богданов, објави на Фејсбук

СКОРО ПА И ГИ НЕМА: „МАЛИ ШАНСИ“ за косовската влада предводена од Коњуфца

Шансите Глаук Коњуфца, премиерот назначен од претседателот Вјоса Османи, да ја формира новата Влада на Косово се чинат минимални. Со обединетата поранешна опозиција околу идејата за нови избори, вториот обид на движењето
Go toTop