Трите големи пожари во Албанија ставени под контрола, помогнаа и грчки канадери

July 7, 2025
1 min read

Вооружените сили, во соработка со други оперативни сили на терен и со помош на Европскиот механизам за цивилна заштита, ги ставија под контрола големите пожари кои со денови беснееја во три подрачја во Албанија, соопшти Министерството за одбрана.

-Во општина Финиќ, на југот на земјата нашето воздухопловство, потпомогнато од два канадера од Грција, во рамките на Европскиот механизам за цивилна заштита, успеа да го стави пожарот под контрола во планинскиот масив Штугар и во прекуграничната област, стои во соопштението.

Тесната координација помеѓу Националниот центар за операции во вонредни ситуации (AKMC) и грчката Агенција за цивилна заштита им овозможи на грчките авиони да влезат на граничниот премин и ефикасно да ја извршат мисијата. Во моментов, ситуацијата во Финиќ е под контрола.

Според министерството под контрола се и пожарите кај Елбасан и Поличан.

– Ги повикуваме граѓаните да покажат зголемена претпазливост, да не палат пожари во природа и веднаш да ги известат надлежните структури во случај на опасност. Сите структури за цивилна заштита се во целосна готовност, во секој случај на потреба“, се наведува понатаму во соопштението на Министерството за одбрана.

Во Албанија во просек дневно се интервенира на најмалку десеттина пожари на отворен простор. Минатата година во земјата биле евидентирани над 1.100 пожари.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Костовски: Две лица фатени при оштетување на новата детска градинка во Бутел (ФОТО)

Следно

Започнува јулското заседание на Европскиот парламент, на агендата е и Извештајот на европратеникот Томас Вајц за Македонија

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop