Трипуновски најавува фокус на домашното земјоделство и полнење резерви со македонска пченица

August 28, 2025
1 min read

Годинешната жетва на пченица донесе значителен пораст и позитивни резултати за домашното земјоделство. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во интервју за „Newsmax Balkans“ ги презентираше бројките и најави конкретни мерки со кои државата го насочува фокусот кон зголемување на домашното производство и обезбедување на стоковните резерви со македонски производи.

-Жетвата на пченицата оваа година е извршена на зголемени површини во споредба со минатата година. Согласно податоците со кои располага Министерството, пченица е засеана на околу 70.000 хектари, а од жетвата се собрани над 280.000 тони, количина која речиси целосно ги покрива домашните потреби, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Министерот потенцираше дека институцијата активно работи на трансформација на земјоделскиот систем, со јасна цел – намалување на увозната зависност.

-Работиме на зголемување на производството, со цел Македонија конечно да не биде означувана како увозно зависна држава. Трендот на раст на производството е сериозен показател, појасни тој.

Како еден од клучните потези, Трипуновски најави дека по долг период, државата повторно ќе ги полни резервите со домашно производство.

-Не може да дозволиме стоковните резерви да ги полниме со пченица која доаѓа надвор од нашите граници, туку стоковните резерви ќе ги полниме со наша домашна пченица. Беше објавен и првиот повик за набавка на 9.000 тони од реколтата 2025 година, директно од производителите, истакна министерот Трипуновски.

Дополнително, тој објави новитет во третманот на земјоделските култури од стратешко значење за државата. За прв пат, оризот е вклучен како стратешка култура во стоковните резерви, а оваа година истите ќе бидат наполнети со 2.400 тони оризова арпа.

Со овие мерки, Министерството испраќа јасна порака за поддршка на македонските земјоделци и долгорочна стабилност на прехранбениот систем.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фаталната Зои Кравиц- растури две веридби, сите зборуваа за разводот, дали сега има нова „жртва“ (ФОТО)

Следно

ВИДЕО: Ужас на аеромитинг во Полска, се урна борбен авион Ф-16, загина пилотот

Latest from Blog

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата,
Go toTop