Трибина за растечкото насилство врз млади жени и девојки

November 24, 2024
1 min read

Во пресрет на утрешниот, Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска одржа централен настан „Насилство врз младите жени и девојки: сексуално вознемирување, демнење и контролирачко однесување“, во рамки на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство.

Фокусот е насочен кон ниската бројка на регистрирани обвиненија и истраги, како и подигнување на свеста за сексуалното вознемирување, демнењето и контролирачкото однесување како родови форми на насилство. Се потпиша Декларацијата на намери, а истата задава десет акциски точки со конкретни мерки кои Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе ги поддржи во 2025 година. 

Рана превенција од насилство и спречување на немирот, се дел од пораките кои беа упатени од страна на високиот врв. Во ниту една институција, а најмалку во училиштата нема место за насилство. 

Според анализите направени во последните пет години, 54% од жените во РСМ доживеале насилство, од кои 33% психолошко насилство, 14% сексуално/физичко насилство и 7% демнење. Податоците укажуваат дека во најголем број од регистрираните случаи сторителите на родово базирано насилство се мажите. Од анализите направени последните години од страна на ОБСЕ, заклучокот е дека жените чиј партнер е невработен или пак вработен со пониски примања, имаат поголема веројатност да доживеат некој облик на насилство. 

Усвојувањето на конкретна законска регулатива ќе обезбеди поефикасна заштита на жртвите и ќе создаде основа за превенција на идни злоупотреби. Според досегашните анализи, голем дел од жртвите не се свесни дека всушност се жртви, а останатите пак не се осмелуваат да пријават бидејќи немаат доверба во системот. Од година в година се’ помал процент од сторителите се соочуваат со казна затвор. Една третита од жените и девојките во светот се жртви на насилство, независно во која форма.

Половина од жените кои се убиени во светот биле убиени од нивните партнери или од член на семејството. Оне кои се занимаваат со оваа проблематика велат дека државата треба да ги заштити жртвите, а дополнително да се работи и со насилниците. Насилството во било која форма кон жените и девојките не е прифатлива и не треба да се премолчува. За жал голем процент од лушето во општеството сметаат дека истото треба да се решава во рамките на семејството. 

Кампањата 16 дена активизам против родово заснованото насилство започнала во 1991 година од страна на Институтот за женско глобално лидерство, во спомен на насилното убиство на  Патриа, Минерва, Марија Тереза и Деде или Мирабел сестрите во 1960 од страна на диктаторот на Доминиканската Република, Рафаел Трухиљо. Оваа кампања е една од алатките за подигнување на свесноста популацијата за човековите права на Обединетите нации. Кај нас оваа кампања започнува во 2014 година.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Русија: Украинската употреба на јужнокорејско оружје ќе ги уништи билатералните односи со Сеул

Следно

Крвав младешки пир во Книн однесе во смрт 25 годишно момче, а четворица рани потешко

Latest from Blog

Антонели казнет за судирот со Верстапен

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, беше казнет со три места на стартната линија во Силверстоун поради судирот со Макс Верстапен денес. Италијанскиот пилот на Мерцедес го удри Макс во првиот круг

Илјадници луѓе протестираат пред Палатата на правдата во Белград

Протест се одржува доцна попладнево во Белград пред Високото јавно обвинителство (ВЈТ) поради апсење студенти. Сообраќајот е блокиран и во близина на Автокоманда, и населбите Земун и Вождовац и попречено е одвивањето

Гитенс ќе се приклучи на Челси откако е постигнат принципиелен договор со Борусија Дортмунд

Крилниот напаѓач Џејми Бејну-Гитенс ќе се приклучи на Челси откако е постигнат принципиелен договор со сегашниот клуб Борусија Дортмунд. Бундеслигашот ја потврди веста од нивниот камп во Флорида. Тој ќе им се

Тешка сообраќајна несреќа во Грција: Загинаа татко и син во судир со камион управуван од Македонец

Во сообраќајка во која учествувале камион управуван од Македонец и автомобил со четиричлено семејство од Грција, возачот на автомобилот починал на самото место, а неговиот син подоцна им подлегнал на повредите. Мајката
Go toTop