Три земјотреси ја потресоа Македонија во текот на ноќта

December 16, 2024
1 min read

Во текот на изминатата ноќ, три земјотреси беа регистрирани на територијата на Македонија, според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Најсилниот земјотрес, со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала, се случил во околината на Гевгелија. Епицентарот бил лоциран на 16 километри од градот, а потресот бил почувствуван и од жителите на Дојран.

Набргу потоа, во истиот регион, бил регистриран уште еден земјотрес со јачина од 2,2 степени.

Третиот земјотрес, со јачина од 2,5 степени, бил регистриран во северниот дел од земјата, во близина на граничниот премин „Блаце“ на македонско-косовската граница. Овој потрес го почувствувале жителите на Скопје и околината.

И покрај трите земјотреси, засега нема информации за предизвикани штети или повреди.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Владата ќе презентира „Планска програма за почист воздух 2024-2030“

Следно

Објавен оглас за вработување на 600 нови полициски службеници

Latest from Blog

Томовски: Во текот на летниот период сите службени возила ќе бидат обележани!

Директорот на СОЗР, Ивица Томовски во вечерашното гостување во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 изјави дека „во рамките на Владата е формирана работна група којашто работела на изработка на правилник за специјални

Ласовска во 24 анализа: Гневот и изјавите на родителите од Кочани се оправдани

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска во 24 анализа рече дека изјавите на родителите на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се оправдани. Таа објасни и дека очекува правда и

Томовски за злоупотребите во Владата: Прв пример ни е Маричиќ, најголем потрошувач!

Во денешното гостување во емисијата „Click Plus“ на ТВ21, директорот на СОЗР, Ивица Томовски вели дека Маричиќ бил најголем потрошувач во Владата. -Можеби работите одат споро, но има одредени дела, така е

Георгиевски во Аргумент плус: Во Македонија тешко се создава традиција но лесно се руши

Ѕвездан Георгиевски директорот на Фондацијата „Славко Јаневски“ во Аргумент плус рече дека одговорноста за одржување на контиунитет на наградата е огромна. Според него, и покрај сите предизвици добро е што и по

Сиљановска-Давкова ги прими шпанскиот амбасадор и претставниците на ОН и УНДП во пресрет на Конференцијата во Севиља

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз, постојаната координаторка на ОН, Рита Колумбија и претставникот на УНДП во Скопје, Армен Григориан, во пресрет на одржувањето на 4. Меѓународна конференција
Go toTop