Три ер-трактори на ДЗС и еден хеликоптер на МВР ќе го гасат пожарот кај селото Соколарци

August 15, 2023
1 min read

реклама



Трите ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи ќе полетаат да го гасат пожарот кај село Соколарци во општина Чешиново-Облешево поради опасност тој да се приближи кон населено место или да навлезе во висококвалитетна шума, соопшти Центарот за управување со кризи.  

Неколку пати повеќе граѓани се јавиле на единствениот повикувачки број за итни повици 112 и пријавиле пожар на трева, грмушки и нискостеблеста деградирана шума на ридот близу манастирот „Св. Ѓорѓија“ кај селото Соколарци.

реклама

-Три екипи на ТППЕ Кочани итно се упатени на терен, а повикани се и екипи на Доброволното противпожарно друштво Кочани.  Просторот кој го зафаќа пожарот е над 50 хектари и во моментот се движи во правец на селото Рајчице, во дел на непристапен широк шумски појас, информира ЦУК. 

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФФМ: Благоја Милевски останува селектор на Македонија

Следно

Де Брујне надвор од терените 3-4 месеци

Latest from Blog

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop