Три членки на ЕУ бараат утврдување минимална возраст за пристап до социјалните мрежи

May 19, 2025
1 min read

Грција, Франција и Шпанија подготвија заеднички документ за расправа на јунскиот Совет на ЕУ, со кој се бара од Европската комисија да утврди минимална старост за пристап до социјалните медиуми на ниво на ЕУ и да воведе систем за проверка на возраста при пристапување до онлајн мрежите. 

Во документот подготвен од министрите задолжени за дигитални технологии на Грција, Франција и Шпанија се оценува дека „лошо дизајнираните дигитални производи и услуги“ предизвикуваат низа здравствени проблеми кај малолетниците кои постојано се изложени на тривијални или несоодветни содржини. 

За надминување на ваквиот проблем, според нив, потребно е изработка на законодавство на ниво на ЕУ со кое на младите ќе им биде ограничен пристапот до сомнителни и содржини што предизвикуваат зависност, а воедно на родителите ќе им се овозможи полесно да го ограничуваат користењето на социјалните медиуми и сајтовите за возрасни од страна на нивните деца. 

Европската комисија веќе најави дека подготвува апликација за проверка на возраста на корисниците на социјалните мрежи, која би била привремено решение до воведувањето на дигиталните паричници на ЕУ, што се очекува најрано кон крајот на 2026 година. 

Но, во документот се бара од ЕК не само воведување на ваков систем за проверка на возраста, туку и да се овозможат механизми за поголема родителска контрола и да се ограничи употребата на одредени апликации од страна на малолетници. 

Според трите земји предлагачи на иницијативата, би требало на ниво на ЕУ да се воспостави „дигиталната возраст“ за користење на онлајн мрежите, односно минимална старосна граница под која малолетниците не би можеле да пристапуваат до социјалните медиуми. 

Се предлага таа „дигитална возраст“ да изнесува 15 години, иако според извори во Владата на Шпанија, тие се отворени за дискусија околу старосната граница. 

ЕК веќе презентираше нацрт-патокази за заштита на малолетниците, изработени врз основа на Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА), со кои се бара од онлајн платформите да воведат мерки за проверка на возраста на корисници со цел да се намали изложеноста на децата на порнографски и други несоодветни содржини.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓоргиевски: За побрза дијагноза треба да се дадат поголеми ингеренции на семјните лекари

Следно

Пропадна и 18-тиот обид за конституирање на косовското Собрание

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример

„Редовно се исплаќаат субвенциите на земјоделците“, истакна Трипуновски

Цветан Трипуновски, министерот за земјоделство вечерва во емисијата Бизнис 21 на ТВ21 демантираше дека на земјоделците им се должат 100 милиони евра. „Не знам од каде калкулациите дека се должат 100 милиони

Пријателски: Шпанија ја декласира Србија, Вирц донесе победа за Германија, без победник на “Вембли“!

ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/ Вечерва се одиграа неколку пријателски средби на кои играа едни од фаворитите за највисок пласман на претстојното СП. Шпанија на стадионот “Керамика“ во Виљареал, очекувано ја победи Србија со убелдиви 3:0.
Go toTop